|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Повеќе сонце = поголема плодност!

Редакција Рингераја, 25.4.2013
Ви треба причина за да излезете надвор на сонце? Имаме една за Вас! Поминувањето време на сонце може да биде поттикнувачко за плодноста!

image
/11


 

 

За што се работи?

 

Дали ова го објаснува фактот што многу парови кои одат на одмор во некој од тропските краеви се враќаат чекајќи бебе? По истражувањата на научник од Австрија плодноста кај мажите и жените може да се зголеми благодарение на витаминот Д, кој се произведува при изложување на сончева светлина. Но колку реално ги зголемува шансите за плодност? Научниците откриле дека кај жените одржувањето на адекватната количина на витамин Д помага во регулацијата на рамнотежата на половите хормони и ја регулира овулацијата, подигнувајќи го нивото на прогестерон и естроген. Мажите кои имале ниско ниво на витамин Д,  по земањето на негови додатоци го зголемиле бројот на сперматозоиди, квалитетот на спермата и нивото на тестостерон.

 

И тоа не е се! Витаминот Д е можеби причина што во некои од северните земји полесно е да се забремени за време на летните месеци. Во истражувањето во кое учествувале 2300 мажи од земјите на северна Европа е утврдено дека нивото на тестостерон е највисоко во текот на летните месеци, а најниско во текот на месец март, непосредно по завршувањето на зимата. Исто така жените помалку овулираат во текот на зимските месеци, намалувајќи ги своите шанси за зачнување.

 

Сонцето е корисно и здраво, но истражувачите потсетуваат  дека паровите кои испробуваат се што можат за да остварат бременост не треба претерано да се изложуваат на сонце, заради неговото штетно влијание на кожата. Покрај изложувањето на сонце секогаш можете да земате додатоци на витамин Д во исхраната, или да консумирате храна која го содржи.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Баба ми, 61 година, беше мојата сурогат ма...
Мажот запознава жена. Се сакаат. Потоа доаѓа и бебе. Тоа е толку едноставно. Или не е? Оваа седмица Yahoo Parenting обја...
5
Забавни факти за спермата
Семената течност изгледа помалку смешно, но е многу покомплексна и поинтересна од што можете да замислите. Колку нависти...
4
Што е неплодност?
Неплодноста е честа, но и честопати погрешно разбрана состојба која бара знаење, трпение и соодветна поддршка.
3
Кога на жените им се потребни лекови за пл...
Лековите за плодност можат да им помогнат на одредени жени кои имаат потешкотии со зачнувањето, но тие не се потребни за...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?