Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Мојот син наполни 4 години овој месец. Сигурна сум дека секое семејство ги сака роденденските прослави на децата, но мојот сопруг и јас чувствуваме бескрајна благодарност во овој перио од годината. Сакаме да потсетиме дека, без разлика какви подароци ќе добие Фин, 9 февруари секогаш ќе биде денот кога ние го добивме најубавиот подарок.

Основањето на семејство воопшто не беше лесно за мене и за Бил. Поминавме низ 6 ИВФ циклуси. Забременив со близнаци, но беа мртвородени откако предвремено добив породилни болки. После тоа имав и спонтан абортус. Тоа беше болно и трауматично време.
Во текот на тој процес научив дека не можам безбедно да ја завршам бременоста. Решени да создадеме семејство, Бил и јас се одлучивме да подараме сурогат мајка. Но, пред да почнеме да бараме потенцијални жени кои на свет ќе го донесат нашето бебе, мојата 60-годишна мајка ми даде неверојатна понуда: Таа да го носи нашето бебе.
Тоа ни дојде како шок, но на крајот јас и Бил го прифативме овој неверојатен подарок. Мојата мајка безбедно ја заврши бременоста до крај и на 61 година стана најстарата жена која родила дете во Илиноис.

Откако одлучив да напишам книга за нашето патешествие, знаев дека еден ден ќе морам да му објаснам на Фин како дојде на овој свет. Имаше еден дел во мене кој ми велеше дека не треба да му кажам, бидејќи не сакам да се чувствува абнормално по ниедна основа. Но колку брзо што дојде таа мисла, толку брзо и замина, бидејќи не сакав од никого да кријам тајни.. Сакам да биде раскажано и запомнето чудото по кое Фин дојде на овој свет. Тоа не е нешто што треба да се крие, туку да се слави!

Некои луѓе ја прашуваат мајка ми дали пак би го направила истото за нас, а таа вели: „Никогаш не мислев дека ќе го направам ова, ниту првиот пат, па претпоставувам дека никогаш нема да речам никогаш“.
Така некако се чувствуваме во врска со иднината. Никогаш не мислевме дека на овој начин ќе осниваме семејство, па никој не знае што не чека понатаму.
10
6
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Апликации за следење овулација кои вредат
Следењето на менструалниот циклус и овулацијата денес е полесно од ког...
Стрес и забременување, што навистина помага?
Кога паровите се обидуваат да добијат дете, често слушаат совети од ти...
Кога една жена ќе дознае дека е бремена, животот не се менува само за ...