namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Постот е воздржување од мрсна и изобилна храна, како и од сите грешни, телесни задоволства, наслади и уживања. Преку постот се закрепнува и потчинува духот и се скротува телото. Според народните верувања постот заедно со молитвата преставуваат крилја со чија помош се искачувала човековата душа кон небото. Кај нашиот народ постовите може да бидат периодични и случајни. Периодичните се општи и важат за сите припадници на православната црква која утврдила и пропишала повеќедневни и еднодневни пости. Во многудневни спаѓаат четирите периодични пости кои им одговараат на четирите годишни времиња и се одвиват во строго одредени денови. Тоа се Божиќните, кои траат 6 седмици, Велигденските пости, кои траа 7 седмици, како и Петровденските и Богородичните кои траат по 2 седмици.
Постот се состои во забрана на јадења од животинско месо и животински производи, воопшто, но воедно значи и оддалечување на гревови (да се ослободи човекот од секаков гнев и омраза, луѓето треба да се воздржуваат и од учество на секаков вид на веселби, како и од разни страсти, односно да не се пости само со уста туку да се “пости и со слух и со вид”). Еднодневните пости можат да бидат годишни и седмични. Во еднодневни годишни пости спаѓаат: Крстовден на 27 септември; Свети Јован на 11 септември и Водици на 18 јануари. Во седмични еднодневни пости се сите среди и петоци. Во овие денови црквата установила пости заради сеќавање и сочувствување кон настаните на тие денови. Во среда Исус е предаден, а во петок е распнат на крст. Бидејќи распнувањето е поголем грев, петок е построг пост од средата. Во среда се дозволува јадење на риба, додека во петок е строг пост.
Кај македонскиот народ често се практикуваат и т.н. случајни пости кои се држат по правило индивидуално и тие можат да бидат поттикнати од некакво зарекнување и тоа се држат обично во среда или во петок или пак некој друг ден во годината во чија чест се држи постот. Тоа може да биде резултат на некој критичен момент или, пак, среќен, па се држи секоја година цел живот. Постот бил познат уште во паганско време, но немал никаква етичка подлога, туку чисто религиски карактер. Табуата за нејадење на месо за време на божиќните и велигденски пости сигурно се остаток од предхристијанскиот култ. Со самата забрана на нејадење на месо, тие денови се исполнети со обредни активности поврзани со култот кон предците. Па според тоа, постот кој се состои во забрана на јадење на животинско месо е составен дел од мртовечкиот култ и култот на предците, воопшто. Предците и покојниците многу често се јавуваат во облик на животни и тоа во времето кога нивните души се шетаат по земјата, посебно во божиќните и велигденските празници. Се верува дека тие денови во секое животно можела да биде и душата на умрените или на предците, па се јавила забраната за јадење на месо во тие периоди. Ваквата забрана била позната уште во индоевропското време. Денес постот има исклучиво религиски карактер, но многу го практикуваат исклучиво поради здравствени причини.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?