Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Денес луѓето се сè повеќе ориентирани кон употреба на безбедни и функционални прехрамбени производи, кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат целокупната физичка и психичка состојба. Употребата на вакви производи во текот на летниот период е од уште поголема важност поради високите температури и зголемениот ризик од појава на бактерии во храната кои можат да го пореметат цревниот баланс и да предизвикаат честа појава на дијареа, посебно кај децата.
Затоа многу е важно во овој период во секојдневната исхрана да се користи јогуртот произведен со пробиотички култури и додатоци кој преку бројни истражувања се покажал како доверлив сојузник во борбата против дијареата, посебено во летните периоди. Тој не само што ја регулира работата на цревата туку го подобрува имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот. Ваквиот тип на јогурт претставува ферментиран млечен производ, кој е комбинација од пробиотик и пребиотик- инулин, состојки чие позитивно дејство врз организмот е повеќекратно и потврдено од лекарите и бројни научни истражувања. Пробиотичкиот јогурт го подобрува општото ниво на имунитетот, ја зголемува отпорноста на слузницата на цревата, и ги уништува бактериите и габите, кои најчесто се јавуваат во летниот период и предизвикуваат најразлични заболувања.
Пробиотичкиот јогурт и останатите пробиотички производи ја содржат здравата и корисната пробиотичка бактерија која помага во одржување на добро избалансираните црева. Во цревата живеат повеќе од 200 типови на бактерии, па навистина не е едноставно сите да ги одржиме среќни и избалансирани. Најголемата група на пробиотички бактерии во човековото тело создаваат млечна киселина од лактозата, која се среќава во пробиотичките јогурти. Таа поминува низ стомачниот гастроинтестинален тракт и помага во олеснувањето на тегобите при стомачната надуеност.
Пробиотичките јогурти помагаат да се надоместат изгубените здрави бактерии назад во телото, а со тоа и да се регуллираат стомачните проблеми како што е дијареата. Ова е само уште еден доказ на тврдењата дека пробиотиците можат да помогнат да се намали ризикот од цревни инфекции.
Честопати и деца страдаат од хронична дијареа при високите летни темепратури кога и веројатноста за развивање на бактериите е поголема. Истражувањата покажуваат дека со конзумирање на пробиотичкијогурт во секојдневната исхрана нивната состојба во голема мера се подобрува, бидејќи пробиотичкиот јогурт помага во надоместување на здравите бактерии во нивниот систем, како што се случува и кај возрасните. Некои студии покажуваат исто така и намалување на алергиите и асматичните реакции кај децата при секојдневна примена на пробиотиците L. acidophilus , Bifidobacterium lactis I St.termophilus.
И не заборавајте кога купувате пробиотик јогурт секогаш прочитајте ја етикетата. Побарајте производи на кои пишува дека содржат активни пробиотички култури. Најздравиот избор е да се одлучите за ниско-масен јогурт произведен со активни култури и пробиотички и пребиотички додатоци. Прочитајте ја листата на состојки и видете дали листата ги вклучувапробиотичките култури и пребиотичните додатоци, L. acidophilus, Bifidobacterium lactis I St.termophilus
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Сигнали на вистинска ситост, кога телото вели „доста е“
Во динамичниот начин на живот, многу луѓе забораваат да слушаат на соп...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Кога болката е сигнал, а кога опасност?
Болката е еден од најважните начини на кои телото ни испраќа пораки....
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?