Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во нашата земја, секоја година заболуваат од рак на грло на матка над 250 жени, а 50 од нив умираат како последица на болеста.
Јануари е светски месец за подигање на свеста за ракот на грлото на матката. Ракот на грлото на матката е второ по честота малигно заболување и втора причина за смрт од рак кај жените, после ракот на дојката.Во светски размери годишно се регистрираат околу 500 000 нови случаи, од кои дури 300 000 завршуваат со смрт. Во Македонија, ракот на грлото на матката е на второ место по честота и смртност од малигни заболувања кај жените. Во нашата земја, секоја година заболуваат од рак на грло на матка над 250 жени, а 50 од нив умираат како последица на болеста.
Во јануари 2011 година, во цел свет повеќе ќе се говори за овој чест малигном кај жената. Ќе бидат организирани бројни трибини, фондации и разни други активности со цел да се подобри информираноста на жените за ракот на грлото на матката, за начините на превенција и важноста на редовните скрининг тестови (ПАПА тест и ХПВ тест) за рано откривање на преканцерозните лезии и ракот на грлото на матката.
Ракот на грлото на матката може да се искорени во следните 50 години, ако земјите ги имплементираат националните скрининг програми за откривање на Хуманиот папилома вирус (ХПВ), кој ја предизвикува болеста, заедно со програмите за вакцинација против вирусот.
Ова го изјавил Prof. Jack Cuzick на најголемиот европски конгрес за ракот, ECCO 15 - ESMO 34, кој се одржа 2010 година во Берлин. Тој изјави дека сега постои вакцина против двата најчести типови на ХПВ вируси, кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Но, во скора иднина ќе биде достапна и вакцина која ќе штити од 9 видови на ХПВ вируси.
„Доколку вакцинацијата оди во комбинација со ХПВ скрининг, тогаш најверојатно ракот на грлото на матката ќе се искорени во оние земји кои успешно ќе ги спроведат овие национални програми. Меѓутоа, ова бара политичка волја и заложба на национално и на европско ниво“, изјавил Prof. Jack Cuzick .
Скринингот спасува многу животи. Затоа, правете ПАП тест еднаш годишно.
4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за успешно доење во првите 30 дена
Првите 30 дена по раѓањето се клучни за воспоставување успешно доење. ...
Како преку игра да се развива говорот кај децата?
Развојот на говорот не започнува со првите зборови. ...
Запекот е еден од најчестите, но и најмалку дискутирани проблеми во бр...
Како стресот на работа влијае на бременоста?
Стресот на работа не е само моментална непријатност за време на бремен...
Календар на медицински прегледи во бременоста
Бременоста е период исполнет со радост, но и со редовни медицински кон...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?