vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Нашето „зошто“ е нашиот компас
Тоа е причината зошто стануваме наутро, зошто се бориме, зошто не се откажуваме. Не мора да биде големо, ниту спектакуларно. Понекогаш е нешто едноставно како желбата да направиме некого среќен, да создадеме нешто убаво, да бидеме подобри од вчера.
Кога го знаеш своето „зошто“, и најтешките денови добиваат смисла
Проблемите не исчезнуваат, но ти гледаш поширока слика. Знаеш дека секој чекор, секоја пречка, секој пад има свое место во патувањето.
Да го најдеш своето „зошто“ значи да се вратиш кон себе.
Да се запрашаш: „Што ме прави жив/а?“, „Кога последен пат изгубив чувство за време затоа што нешто ме исполнуваше?“
Таму, во тие искрени одговори, живее твоето вистинско „зошто“.
Денес биди благодарен/на што не се плашиш да се бидеш љубопитен/на, да бараш и да чувствуваш. Понекогаш токму прашањата се патот до вистината.
Афирмација за денес:
„Јас го создавам својот пат со љубов и свесност. Моето ‘зошто’ ме води со мир и сила.“
Нека денес ти биде тивок потсетник дека твоето „зошто“ не мора да биде совршено само вистинито.
А кога ќе го најдеш, целиот свет ќе добие нова смисла.
Ваша Рингераја.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...
Обидите за бременост имаат своја стратегија
Ако се обидувате да забремените, важно е да знаете дека не мора да има...
Колку долго треба да трае едно туширање?
Туширањето е дел од секојдневната хигиена, но дали подолгото туширање ...
Како да изберете козметички производи во бременоста?
Во бременоста кожата може да стане посува, почувствителна или посклона...
Препознајте ги знаците на предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршената 37...