|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Писмо од една загрижена трудница

Анонимен автор, 7.2.2018
Смрт на родилка во една приватна клиника, грешка со бебиња во државна болница... Во осмиот месец од бременоста сум, слушајќи и читајќи ги вестиве почнав да се плашам и да размислува каде да се породувам

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави



Одам во една од државните болници за преглед чекам со саати за да ме прими докторот, а преку ред само си влегуваат и влегуваат ќе изреагираш и ведаш добиваш одговор дека не е така луѓето се на кратко влезени и дека се порано дојдени.Кај трудна отечена и стоиш со часови.Кога ќе успееш да влезеш добиваш отсечни одговори, да добро е легни, избриши го гелот, се гледаме за две недели, за други прашања нема време, зошто докторот не ти е познат...А кога ќе дадеш 500-1000 денари за преглед таму добиваш цела листа податоци за бебето, што треба да пиеш да јадеш, кога повторно да дојдеш и каков ќе биде наредниот преглед...Не чабе се рекло блажена состојба, но кај нас оваа состојба е стресна, секој преглед е некое испитување и така се до крајот си во неизвесност дали е се во ред со бебето кое треба да го донесеш на свет.Оди на преглед плати 300, 500,1000 денари, па нели беше бесплатно за трудници, витамини од 800 денари....и нормално купуваш се затоа што е во прашање твото чедо кое го носиш 9 месеци во стомак.

И како што поминуваат деновите размислувам за породувањето, дали во државна болница каде  е бесплатен или во приватинте каде цените се движат од 60 до 90 илјади денари.Да земеш кредит, не можеш заглавен си, башка сакаш да му купиш на детето креветче, количка, облека...Па се размислуваш, плашиш и наоколу прашуваш кој како поминал, дали треба врска да фатиш на клиниката каде ќе одиш за да те гледа како свој или да отидеш и да оставиш на ситуацијата.Каде и да си платиш ќе имаш подобар третман и згрижување.А, зошто тоа мора така да биде, тој што нема пари не е човек, не заслужува внимание?

Едно ќе кажам колку и јас да се плашам за тоа како ќе биде,  кој доктор ќе биде, болката си е болка сама ќе си ја поминам ни парите што ќе ги дадам нема да ја ублажат, само со Господ напред.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навремена набавка на потребните работи е исто така важна....
4
Најчести симптоми по месеци од бременоста
Во бременоста телото на жената доживува бројни промени, а симптомите се различни во зависност од месецот. Познавањето на...
4
Вишок на естроген кај жените
Хормоните се тивки диригенти на нашето здравје, ја контролираат енергијата, расположението, апетитот и дури начинот на к...
3
Дали секое болно грло е почеток на ангина?
Болното грло е едно од најчестите здравствени тегоби, особено во зимските месеци. Но тоа не значи дека секое болно грло ...
3




Анкета

Изберете го најубавото име:
Sasha24

Изберете го најубавото име:

Елена (0%)

Емилија (0%)

Теодора (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!