|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Отворено писмо до новите мамички

Редакција Рингераја, 21.4.2021
Мојата пријателка неодамна го роди своето прво бебе и тоа навистина ме натера да размислувам каков е животот за новата мајка. Тоа е толку тешко, страшно, убаво време. И, имам само толку многу што сакам да им кажам на сите нови мајки таму...
Клучни зборови:

image
/11


 

Мама, ти поставуваш правила 
Не сакаш некој да го бакнува твоето бебе? Кажи му. Се уште не ти е пријатно со посетители? Кажи им. Сакаш да го храниш со шише? Направи го тоа. Сакаш да испробаш памучни пелени ? Направи го тоа. Сакаш да ја подготвиш целата храна на бебето од нула? Не мисли се два пати. 
Ти си целосно надлежна за твоето бебе. Донеси свои одлуки и не плаши се да го направш она што мислиш дека е најдобро за тебе и за твоето семејство. 

Запомни дека не постои вистински начин за родителство

Понекогаш мајката сака да го храни бебето со шише наместо да дои. Понекогаш доењето не функционира. Во ред е. Во ред е ти ??да одлучиш дали да спиете заедно или да го ставиш бебето во неговото креветче. Можеш да избереш што е најдобро за вас, за тебе и твоето бебе.

Мама, во ред е да се чувствуваш поразено 

Премногу добро го знам тоа чувство.  Ти си нова мајка - жонглираш со животот и бракот, родителството и пријателствата, и се чувствува како целиот свет да е на твои плеќи.  Има многу што да се направи откако ќе се роди бебето. Мора да одлучиш како ќе го распоредиш времето, што да направиш во врска со готвењето и чистењето и слободното време. 
Само запомни дека е во ред да дозволиш куќата да биде катастрофа. Во ред е да мора да нарачаш брза храна наместо да подготвиш свеж оброк. На почетокот нема да има одредена рутина, но ќе ја откриете. Дај си време да се прилагодиш на мајчинството.
Не заборавај да го вклучиш партнерот 

Се сеќавам дека толку многу сакав да ми помогне сопругот, но немав начин навистина да го вклучам кога доев, а моето бебе секогаш сакаше да ме гушка. Кога ќе го имаме нашето следно бебе, сакам тој да помогне повеќе со пелените, шпихозните и закопчувањето. Твојот партнер сака да биде вклучен со бебето; но понекогаш треба само да му дадеш до знаење што да прави.
Прифати помош 

Доколку некој се понуди да ти помогне околу садовите во кујна, празнење на сушатара или околу ручекот - прифати. Заборави на гордоста и искористи го времето за дремка или топол туш. 
Запомни дека твоето тело неодамна помина низ многу - дај си време да се одмориш 
Не мора да изгледаш совршено цело време. Не мора да се шминкаш и секој ден и да изгледаш совршено.  Телото не може брзо да се врати во нормала.  Окупирана си со многу повеќе грижи од само грижата околу бебе: како крварење и насипување и потење и опаѓање на косата (барем тоа беа некои работи со кои се борев). 
Вашето тело е способно за толку многу и знае што прави. Нека помине време да се вратиме во нормала… Или да откриеме дека е ново нормално. Јас секогаш велам дека моето тело е сосема поинакво од кога ја имав ќерка ми. И тоа е во ред затоа што ова тело ми ја даде! 
И најважно од се: 
НЕ ЗАПОСТАВУВАЈ ГО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ 
Во ред е да бидеш толку емотивна, само треба да се исплачеш. Веројатно ќе имаш толку многу промени во расположението откако твоето бебе е тука. Дозволи си да ги ослободиш своите емоции. И биди искрена со оние околу тебе за тоа како се чувствуваш. Но, ако забележиш дека нешто не е во ред - те молам побарај помош. Не плаши се да им кажеш на другите како навистина се чувствуваш. 
Ако не бев толку отворена како што сум за моето ментално здравје, искрено  мислам дека немаше да бидам уште жива. Кога се отворив кон мојот сопруг, тој ми помогна да побарам и добијам помош од стручно лице … и тоа е во ред. 
Депресијата по породувањето е вистинска - дури и кога никогаш претходно не сте страдале од анксиозност и депресија. 
Ако треба, обрати се кај твојот лекар. Посети терапевт. Посети психијатар. Биди искрена со нив бидејќи тие сакаат да ти помогнат. Треба да запомниш дека твоето ментално здравје треба да биде на прво место, затоа што ако не се чувствуваш добро психички, тогаш е толку тешко да се функционира секој ден (а камоли да функционираме додека се грижиме за новороденче).
Конечно ... уживај во се секоја секунда! 
Времето поминува пребрзо. Додека трепнеш, тие ќе пораснат.
И сите оние клишеа за родителството?
Сите тие се вистинити.
Не троши ниту една секунда од времето за твоето дете. Користи го максимално. Фокусирајте се на него, диши го ниговиот мирис (звучи морничаво, но ако сте родител, знаете дека бебињата мирисаат неверојатно!). Едноставно користи додека можеш!
Запомни дека ова  ќе помине пред да се свестиш! Не дозволувај да ги пропуштиш овие моменти за ништо на светот. 
Го имам кажано ова многу пати и ќе кажам пак - мајчинството е магично! 
Се молам ако си нова мајка и го читаш ова, да ти помогнам на некој начин. 
Со љубов, 
Мајка која веќе била таму...

 

 

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
10 најголеми грешки при заспивање на дете
Дали имате проблем да го заспиете вашето дете и се буди во текот на ноќта? Прочитајте некои од најчестите погрешни чекор...
5
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

da izbereme ime za naset_o since
anete

MOZE I NEKOJ VAS PREDLOG ZA MASKI IMINJA.

aleksej (39%)

maksim (44%)

alen (16%)


Број на сите гласови: 160

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!