Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
4 април 2013, Скопје.Успешно е завршена втората по ред хуманитарна акција „Прегратка на дар“ во организација на интернет порталот Рингераја и Битолска Млекара како главен покровител на акцијата.
На хуманитарната акција која опфаќаше рачна изработка на играчки кои беа подарени на болните дечиња низ болниците во земјата,учествуваа повеќе од 150 градинки низ цела Македонија, 5 основни училишта и преку 25 болници и здруженија за деца со посебни потреби и социјално загрозени семејства. Повеќе од 10.000 дечиња низ цела Македонија изработија преку 7.000 играчки.
За времетраењето на акцијата се одржаа креативни работилници во 15-тина градинки на кои гостуваше и препознатливото Битолското чупе кое ги анимираше дечињата и им помагаше да ги направат играчките и да ја сфатат целта на акцијата. На секоја работилница се прикажуваше драмата „Приказната за Јана“со цел децата да научат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на болните лица, сочувството со оние на кои им е потребна поддршка и да научат да ги почитуваат потребите на другите.
Сите играчки кои децата ги изработија во текот на месец јануари беа поделени во детските болници и на социјално загрозените семејства ширум земјава, додека во текот на месец февруари, читателите на интернет порталот Рингераја имааможност да гласаат за најдобра изработена играчка. Победник на овој натпревар беше градинката „Детска Радост“ од Гостивар која освои најголем број гласови за најдобро изработена играчка. Дополнително беа наградени и градинките „Детска Радост“ од Скопје и „Гоце Делчев“ од Пробиштип, додека членовите на комисијата наградија уште две градинки „Наша Иднина“ од Прилеп и „Кочо Рацин“ од Скопје.
Идејата на оваа акција е да стане традиција и да се одржува секоја година со цел дечињата да се поттикнат на хуманост од мали нозе.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...