|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Неколку совети од патронажна сестра

Редакција Рингераја, 5.11.2019
Ева Ковачич,дипл. мед. сестра, раководител на патронажна служба, предавач во Школата за родители,Здравствен дом Гросупље

image
/11


Во првите месеци после породувањето мајката нестрпливо ја очекува посетата на патронажната сестра која ќе и покаже како да го негува новороденчето и ќе и даде многу совети кои се многу важни за мајката.

Боја на столицата на доенчето

Столицата на доенчето претежно е со жолтеникава боја. Дали е се во ред ако столицата е зелена? Зелената столица не значи ништо (ако детето нема и некои други проблеми). Бојата на столицата значи само тоа колку брзо храната се движела низ гастроинтестиналниот тракт. Ако варењето е многу брзо, што е вообичаено кај доенчиња кои јадат само течна храна, столицата е жолта. Ако варењето е побавно тогаш столицата е со зелена боја. Ако варењето е уште побавно тогаш столицата е кафена (што е вообичаено кај дете кое јаде густа храна).

Дали доенчето добива доволно млеко?

Во првите денови после доаѓањето од родилиште, мајките се загрижени дали имаат доволно млеко (особено ако во родилиштето многу се ангажирале со доењето). Во првите три месеци од животот на доенчето тоа треба да добива од 150 до 200 гр. телесна тежина неделно. Бидејќи мајките не можат точно да го измерат своето бебе, добро ќе дојдат овие индикатори:

  • Од третиот или четвртиот ден после породувањето на доенчето секој ден ќе му смените од пет до седум мокри пелени.
  • Доенчето од третиот ден па натака ќе има столица три-четири пати во денот.
  • Вашето доенче често ќе го доите (во просек од осум до дванаесет пати на ден).
  • Доенчето изгледа здраво, има здрав тен, нежна кожа и е многу активно.

Пеленски осип

Што да направите кога ќе се појави пеленски осип?

  • Често менувајте ја пелената на доенчето, ако треба и во текот на ноќта.
  • Кожата под пелената добро измијте ја со млака вода (не употребувајте влажни марамици кои содржат алкохол).
  • Нежно истапкајте ја кожата да се исуши.
  • Употребете крема која на кожата создава заштитен слој (тоа значи дека ќе треба да проверите неколку различни креми пред да видите која крема најмногу одговара за вашето доенче).
  • Доенчето не смее да има тесна пелена – малку поголеми се подобри бидејќи овозможуваат кружење на воздухот.
  • Кога е можно (кога е доволно топло), оставете го доенчето без пелена на сигурна површина која лесно се чисти.

Постпородилна психичка состојба

Постпородилното лошо расположение е многу често, речиси кај 80% мајки. Започнува од 3 до 5 ден после породувањето и трае неколку дена. За него се карактеристични плачење, замор, раздразливост, загриженост...Важно е да бидете свесни дека оваа состојба нема да трае долго време и брзо ќе помине. Ви предлагаме да си помогнете на некои од овие начини:

  • Бидете љубезни кон себеси (доволно јадете и пиете, повеќе спиете) и не очекувајте премногу од себеси.
  • Побарајте помош (мајка, свекрва или пријатели – лице на кое најмногу му верувате).
  • Разговарајте за своите чувства бидејќи не сте единствени кои така се чувствуваат (најдобро со партнерот, добар пријател или со друга мајка која е во ист животен период).
  • Средете се (освежителен туш, нега на лице, измиена коса и малку шминка може да помогнат да се чувствувате убаво).
  • Дозволете си нешто во кое сте уживале и пред породувањето (шопинг, топла бања, добра книга, филм, масажа).
  • Одморете се (одете да спиете кога ќе заспие бебето).
  • Одете на прошетка (пешачењето и чистиот воздух ќе ве освежат).

Нега на папочната врвца

Негата на папокот е една од важните обврски кон новороденчето. Препорачуваме чистење со стерилна газа и физиолошки раствор (новите испитувања покажале дека побрзо се суши и паѓа ако се чисти со физиолошки раствор и добро се исуши). Дури и ако до папокот има столица или урина, не се грижете, едноставно добро треба да се исчисти и исуши. Папочната врвца претежно паѓа неколку дена после породувањето.

Посети

Роднините и пријателите сакаат што побрзо да го видат новороденчето и да дојдат во посета. Може да се случи да доаѓаат еден по друг во домот на новороденчето. Освен тоа, сите имаат добронамерни (често и контрадикторни) совети. Сето тоа за мајката може да биде преголемо оптеретување. Таа сеуште се навикнува на својата нова улога, и на тоа дека ништо не е исто како пред породувањето, па затоа овој период е доста осетлив за мајката. Се плаши дека посетителите може да донесат некој вирус, дека ќе останат долго и ќе бидат напорни за бебето (особено ако сите сакаат да го земат во раце). Сосема е во ред ако мајката во такви ситуации одбива посети и љубезно ги замолува роднините и пријателите да дојдат кога детето ќе потпорасне и кога ќе се чувствуваат подобро. Тогаш од голема помош може да биде и таткото, кој би го ограничил бројот на посетители. Важно е и мајката да верува само на себе и постапува така како што мисли дека е најдобро за нив и за нивното бебе.

Грчеви

Мајките кои дојат често се прашуваат што смеат да јадат во тој период за да не се појават стомачни грчеви кај нивните бебиња. Понекогаш нивната храна станува многу сиромашна и од менито ги исфрлаат овошјето, зеленчукот и интегралните намирници, а тоа не е добро за здравјето на мајката. Исто така не е добро мајката да избегнува некои намирници со цел да да избегне алергии кај детето.

Доенчето во првата година пие толку млеко колку што нема да пие во текот на животот. Неговиот гастроинтестинален систем мора да преработи многу храна, а тоа не е едноставно. Од таа причина се појавуваат грчеви и надуеност. На детето може да му помогнете со масирање на стомачето, во правец на стрелките на часовникот, а пред се бидете свесни дека овој период на плач ќе помине, потребно е само трпение.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Првата година од животот на детето (втор дел)
Сите родители се среќни ако детето нормално се развива и ако е здраво. За таквиот развој и самите можат да допринесат, а...
4
НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Тактики за будење по непреспаната ноќ
Овој текст им е наменет на најненаспаните суштества на планетата Земја – на новопечените мајки. Но советите можат да им ...
4