|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е неопходен за развој, чувство на сигурност и добро здравје.
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Масирање на бебиња и малку постари деца

 

Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е неопходен за развој, чувство на сигурност и добро здравје.

Во бременоста, детето во матката постојано е во контакт со мајката. Поради губење на сигурноста кое ја имало внатре, масирањето и доењето се најдобри начини да се сочува врската меѓу детето и мајката. Со масирањето детето ќе препознае чувство во кое уживало девет месеци.

 

Масирањето не е техника, туку начин на комуникација меѓу дете и родител

Масирање на детето е стар обичај, кој е познат во културите на многу народи. Позитивниот ефект од масирање врз развојот и растењето се покажал на сите подрачја и нивоа. Тоа го потврдиле конкретни резултати од работа со деца и клинички истражувања.


Со масирање можеме да го поттикнеме развојот и растењето на детето, како и да го зачуваме неговото здравје

Mасирањето:

- станува пријатен начин на контакт и комуникација со детето,       

- ја зајакнува емотивната врска на детето со родителите,

- го подобрува расположението на детето,

- му помага на детето да го препознае своето тело во целина и неговите делови, а со тоа и претстава за самото себе; 

- ја смирува напнатоста поради новите работи, стресот,

- ја поттикнува, зајакнува и регулира циркулацијата, дишењето, имунитетот...      

- ги спречува и ублажува болките од стомачните грчеви,                            

- може да помогне и при проблемот со спиење и целокупниот биоритам,  

- го воспоставува и јакне емотивниот контакт на детето со родителите, што доведува до обострано смирување

- го поттикнува и збогатува родителството, односно уметноста на мајчинството и татковството                                                                                          

 

Со масирање можеме да започнеме веднаш по раѓање на детето

Природно е родителите да ги милуваат, гушкаат и бакнуваат бебињата уште од самото раѓање. Масирањето има најголем ефект првите шест до седум месеци од животот на детето. Инструкторите за масирање на деца (Certified Infant Massage Instructors IAIM – International Association Infant Massage) организираат семинари за родителите кои имаат деца од 0-9 месеци, бидејќи сметаат дека во тој период почнува воспоставување на топла, интимна врска меѓу децата и родителите. На детето тоа му дава чувство на сигурност, а со тоа и самоувереност за подоцна во животот. По 9 месеци, детето почнува да се движи и на тој начин истражува и го запознава светот околу себе. Затоа може да се случи да не биде толку воодушевено од масирањето или пак да го одбива.

Тоа не значи дека по деветиот месец треба да престанеме со масирање, туку да го адаптираме според желбите и потребите на детето. Масирањето можеме да го направиме интересно пеејќи му песнички на детето.

 

Колку време ќе трае масирањето зависи од расположението на детето

Родителите сами избираат кога и каде им одговара нив и на детето. Собата нека биде топла и нека не ви пречи никој. Детето може да го масираме наутро, попладне, навечер, по капење, на масата за преповивање, во прегратка или на под. Кај секојдневните масирања се препорачува да се користат природни масла, бидејќи така вашите раце и прсти мазно ќе се лизгаат по кожата. Се користат најчесто природни масла ( ладно цедени) како на пр. маслиново или бадемово масло, бидејќи поволно влијаат на кожата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Страно тело во носот на детето. Што да нап...
Кај малите деца некогаш може да се најде страно тело во носот кое не дава никакви симптоми и останува подолго време неза...
5
Постпородилна депресија
Периодот по раѓањето на бебето е исполнет со силни емоции, од радост и возбуда до страв и неизвесност.
4
Заблуди за есенските вируси – што треба да...
Се работи за безопасни вируси кои се неизбежен дел од растењето на децата, но и начин детето да стекне имунитет во првит...
4
Од партнерство до родителство
Кога во домот пристигнува новиот член, вашето бебе, доаѓаат љубов, хаос, но и промени што го тестираат и најстабилниот п...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste ljubitel na brendirani casovnici?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!