|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да се прави со бактериите во носот?

Редакција Рингераја, 16.4.2013
За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправен став. За жолтеникав – потребен е антибиотик. Тоа е ЗАБЛУДА!

image
/11


 

 

Кога детето нема други знаци на болест, освен течење на носот,  жолтеникаво – зелениот секрет не е причина за антибиотска терапија. Има вируси кои влијаат  на создавање на жолто-зелен секрет, но и сапрофитните бактерии (кои нормално живеат во носот), можат да го заматат секретот кој бил бистар.

 

Дали носот може да биде дом за бактериите?

Носот тоа и е!

Во носот живеат бактерии на кои им е таму местото. Стручно се нарекуваат сапрофити, а во брисот се гледаат како физиолошка флора. Како надворешен дел од телото, носот е на  удар на се што се наоѓа околу детето. Да не споменуваме дека носот е секогаш омилена дестинација за детските прстиња, а тие често се валкани. Така бактериите од околината многу лесно стигнуваат до носот на детето.

Кога надворешните бактерии ќе стигнат во носот, наидуваат на поволна подлога, посебно ако на детето му е веќе растечен носот. Слузот кој тече од носот е одлична подлога за размножување на бактерии. Уште ако детето оди во градинка, спектарот на разменети бактерии е широк, па не е реткост во брисот да се најдат  неколку различни.

 

Можат ли бактериите од носот да се расеат по организмот и да направат поголема штета?

Слузницата на носот има војска од клетки на имунолошкиот систем, која користи антитела во борбата со бактериите. Овој имунолошки бедем на носот ги ограничува бактериите на површинскиот дел од слузокожата. Заради тоа не можат да се расеат понатаму, па нема причина за страв дека ќе направат некоја поголема штета во организмот на детето.

Исклучително ретко се случува имунолошкиот систем на детето да е толку слаб што ќе можат бактериите од носот да преминат во организмот. Во главно тоа е случај кај деца кои боледуваат од имунодефиценција – за среќа, многу ретка болест.

 

Зошто децата и понатаму имаат бактерија иако испиле лек кој според антибиограмот е вистински лек?

Со оглед на тоа што бактериите се наоѓаат во површинскиот дел на слузокожата, до нив антибиотикот (земан орално), стигнува многу тешко. Заради тоа се случува децата кои испиле антибиотик, по неколку седмици повторно да ја имаат истата бактерија во носот. Всушност, бактериите само се прикриле, па повторно се активирале.

 

Има ли смисла инфекцијата да се лечи со антибиотска маст или антибиотски капки за нос?

Оваа терапија одамна е напуштена! За тоа постојат две добри причини:

Прво, се покажало дека кај малите деца локалната примена на антибиотик во носот е неефикасна. Резултатите се привремени и медицински е неоправдано да се става со недели антибиотик во носот.

Второ, оваа локална антибиотска терапија може да биде опасна. Во носот се наоѓаат бројни клетки на имунолошкиот систем кои можат да предизвикаат алергија на лекови. Многу често се случува детето да стане алергично на антибиотикот даден преку нос. Ако истиот антибиотик, кој веќе предизвикал алергија повторно се даде во вид на сируп или инекции, може да предизвика опасни алергиски реакции.

 

Што тогаш да се прави со бактериите во носот?

Како што рековме, се работи за бактерии кои не се опасни. Децата кои немаат висока температура, не кашлаат, а имаат бактерија во носот, НЕ ТРЕБА да се лечат со антибиотска терапија. Се работи за здрави деца, а не за пациенти. Течењето на носот е резултат на вирусна инфекција (ретко на алергија), а тука антибиотикот нема што да прави.

 

Кога има потреба за антибиотик?

Ако детето има главоболка, покачена температура, кашлица, а од носот тече гноен секрет, ситуацијата е поинаква.

Тогаш е задолжителна консултацијата со педијатар.

НЕ ДАВАЈТЕ антибиотици на своја рака. Тоа е исклучиво надлежност на лекар!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?