namesp во 10:12
Бебето – мета на урокливи очи?!
Редакција Рингераја, 14.5.2013
Една од првите работи кои ќе ги дознаеме кога ќе останеме бремена е дека постојат урокливи очи и дека било која промена на нашето тело не е последица на бременоста, туку на урокливите очи. Заради нив нема да можеме да спиеме, ќе не боли грбот, нозете ќе ни отекуваат и колку и да ни се чини невозможно постојано ќе не убедуваат дека на овој свет постојат луѓе, претежно жени, чија што работа е урокливо да гледаат во нас.
Иако не сме крадци, постојано ќе не предупредуваат да не крадеме, посебно не овошје, бидејќи на бебето ќе има белег за се што сме украле. Ќе не убедат дека белезите на луѓето се исклучиво од трудничката клептоманија и дека секој потсетува на некое овошје, иако Вие не можите да препознаете кое. Кога ќе сретнете трудница со црвен конец околу раката, да знаете дека тоа е одбрана од урокливите очи. Помодерна варијанта на црвениот конец е црвена бројаница.
Трудницата во првите неколку месеци не треба на секого да му кажува дека е бремена, за да не се зарекне самата. Не треба да јаде риба за да не роди немо дете. Ако сретне човек во количка треба да премине од другата страна на улицата.
Од моментот кога ќе се породи, жената ќе има посебна обука, во која ќе научи дека целиот овоземски и вонземски свет, крои завера против нејзиното бебе.
Во собата во која спие бебето светлото треба да биде запалено 40 дена. Постојат многу теории околу светлото, но најраспространета е онаа дека злите сили и разноразните ѓаволи ќе се исплашат од светлото и ќе заминат откаде што дошле.
Од истите причини, бебето не се изнесува 40 дена од дома, заради болести и уроци. На редовната контрола на еден месец – може да се однесе.
Додека бебето не наполни четириесет дена не треба да го посетува жена која има менструација. Ако каже дека има, може да ја примите дома.
Внимавајте како го галат Вашето бебе – од челото накај косата е исправно и тие ми посакуваат добро, од косата накај челото е наопаку и тие не му мислат добро на бебето.
Секоја баба која ќе го види бебето, квалитетно ќе го исплука за да не го урочи, или ќе скине конче од нејзината сукња, за бебето да има мирна вечер. Колку и да се наоѓаат кончиња во неговото креветче, бебето навечер ќе плаче, бидејќи тоа е единствениот начин да се огласи. Ако мајката каже дека има грчеви ќе ја известат дека не е во право и дека до бебето се провлекол некој со урокливи очи.
Пред прв пат да го изнесете бебето надвор ставете му ја маичката наопаку, врзете му црвен конец на рачето. За секој случај, во количката ставете лук и избегнувајте да разговарате со луѓето.
Колку и да го сакате детето, не му ги бакнувајте стопалата, може да се случи да не прооди. Не му давајте риба додека не изговори риба, за да не остане немо.
Последици:
Мајката размислува, знае дека сето ова не е нормално, но бидејќи ја убедуваат дека така е од почетокот на векот, таа почнува да мисли – па не сум јас најпаметна на цел свет.
Потоа почнува да го скенира секого кој ќе влезе во нивната куќа. Кога ќе излезе во прошетка се чувствува како ловец на вампири, а не како мајка која го шета бебето.
Кога за прв пат, инстиктивно, ќе го бакне своето бебе во стопалата, не може да заспие од грижа на совест да не не прооди.
Ја испитува секоја жена која доаѓа дали има менструација и уредно води евиденција за месечниот циклус на тие жени.
Ова е само еден дел...
Имате ли да додадете нешто на оваа вонразумска листа?
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од с...

Без оглед на налепниците и внимателното читање на составот, постојат големи шанси да јадете и несакани додатоци во храна...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Семејството веднаш по крштевката на малиот принц Џорџ е фотографирано и изгледа прекрасно.Малиот принц беше обле...
