Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Лут црвен пипер
Лутиот црвен пипер е рангиран меѓу најлесните и ефтини начини за отстранување на афти. Во случај да ја изберете оваа опција, избегнувајте да го допирате со јазикот. Направете си паста од лут црвен пипер и вода и нанесете мала количина од неа врз афтата. Ќе почувствувате кратка иритација што сепак брзо ќе исчезне. Но, не нанесувајте од пастата на афтата повеќе од два пати на ден.
Кокосово масло
Кокосовото масло има антифунгални и антибактериски својства, поради што е ефикасен лек против афти. Нанесете го директно на афтата по неколку пати на ден со помош на памук. Може исто така да се “плакне” устата по два пати на ден со 1 лажица кокосово масло.
Kоријандер
Коријандерот е еден неочекуван начин за да се излечат афтите. Ако имате листови од коријандер, сварете неколку од нив во 200-250 мл вода. Откако водата ќе стане млака, исцедете ја и правете гаргара со неа по четири пати на ден. Ако пак имате семиња – ставете 1 лажичка од нив во 200-250 мл вода. Оставете да отстои еден ден, а потоа исцедете и правете си гаргата по четири пати на ден.
Mед
Медот содржи витамини и минерали, а неговите антисептички својства помагаат во брзо излекување на афти. Оваа опција сепак, е и малку болна. Нанесете 1 лажичка мед врз и околу афтата. Оставете така неколку минути (болката нема да трае толку долго). Исплакнете со млака вода и повторувајте ја постапката по два пати на ден.
Kујнска сода
Солта е уште една добар варијанта – бидејќи ја има способноста да ја неутрализира киселоста. Комбинирајте 1 лажичка сода бикарбона со филтрирана вода и нанесете од течноста по четири пати на ден. Држете ја 10-тина минути и исплакнете ја устата.
Сол
Солта е веројатно најлесниот начин за отстранување на афти – но најдобро да е морска или хималајска. Солта ја извлекува течноста од воспалените афти и така помага за побрзо исчезнување. Измешајте половина лажичка сол во една четвртина чаша топла вода. Правете гаргара, со задржување на течноста врз афтата. Повторувајте четири пати на ден.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...