Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кога да започнете со воведување на цврста храна?
Официјалните насоки за воведување на цврста храна се прилично јасни: мора да почекате додека бебето не наполни шест месеци (26 недели), независно дали е доено или хрането со адаптирано млеко.
Проблемот е што насоките за воведување на цврста храна се релативно нови (2001/2003), а многу луѓе кои можеби ќе ги прашате за совет (вашата мајка, свекрва, сестра, пријателка), можеби не се запознаени со нив и се уште се сеќаваат како ги хранеле своите бебиња. Ова може да направи цела палета на прашања “Кога да се воведе цврста храна” и да ве збуни повеќе отколку што можете да замислите.
За да ви помогнеме, ви претставуваме водич за она што е навистина важно при навикнувањето на цврста храна, од мајките кои бришеле кашичка од моркови од ѕидот пред вас.
Зошто шест месеци?
Се до 2003 година, родителите беа советувани да воведат цврста храна меѓу 4-от и 6-от месец. Оваа граница беше поместена по 6-от месец по големото светско истражување (потврдено од страна на Светската Здравствена Организација и Министерствата за здравство), кое докажа дека ако воведете цврста храна пред 6 месеци:
- Дигестивниот систем на бебето можеби не е доволно развиен за да ја свари цврстата храна.
- Вашето бебе може да апсорбира помалку хранливи вредности од мајчиното/адаптираното млеко.
- Цврстата храна нема позитивен бенефит ако се воведе пред 6 месеци.
- Се зголемува ризикот од развој на инфекции и алергии, а бебето може да има дигестивни проблеми и можност за дебелеење.
Друга, многу важна причина за да почекате до 6 месеци е што бебето е претежно во лежечка позиција до тој период. По шест месеци веќе може да седи за да го нахраните со лажиче.
Зошто никој не чека до шест месеци?
И покрај официјалните совети, скоро половина од мајките во Европа воведуваат цврста храна по 4-от месец, а една на 10 мајки започнува со воведување на цврста храна по 6-от месец. Веројатно постојат повеќе причини за тоа од кои најчести се:
Одете во било кој супер маркет и ќе најдете теглички храна за бебиња на чии етикети пишува "по четири месеци". Тоа ве води да заклучите дека 4 месеци се период во кој треба да започнете со тоа нели? Производителите се слободни да ја означат храната на овој начин бидејќи релевантната директива на Еврoпската Унија им го овозможува тоа (иако некои влади и многу агенции за храна работат да го променат ова).
Ова може да го слушнете и од стари и од млади. Можеби е вистина, но којзнае.
Всушност, во 20 студии на Светската Здравствена Организација, опфатени се многу развиени земји кои ја следат препораката за воведување на цврста храна по шест месеци.
Можеби најголемиот и најраспространет мит е дека со воведувањето на цврста храна бебето магично ќе почне да спие по цела ноќ. Ако мислите дека ова е премногу добро за да биде вистинито – во право сте. Нема докази дека воведувањето на цврста храна е поврзано со спиењето. Се се сведува на случајна коинциденција. Напротив, многу е нормално бебето да се разбудува во текот на ноќта и да бара храна, со оглед на неговиот забрзан раст во тој период.
Ако извесно време вашето бебе покажува јасни знаци дека е гладно, тоа не е знак дека е подготвено за воведување на цврста храна. Најверојатно се работи за скок во развојот, кој обично се појавува околу четвртиот месец. Тогаш е потребно на бебето да му давате повеќе млеко, или почесто да го доите.
Неколку лажички морков нема да променат ништо. Кашичката од морков или јаболко никогаш нема да ја има калориската вредност на млекото.
Подготвеноста на бебето да апсорбира цврста храна, нема никаква врска со неговата тежина. Дали е подготвено за цврста храна зависи од неговиот дигестивен систем, а не од неговата тежина.
Ова е многу старомодна идеја. Помалото бебе нема да порасне повеќе ако почнете да го храните со кашички.
Што треба да имате пред да започнете?
Навикнувањето на цврста храна е исто како да храните непознато бебе. Исто така потребно е да набавите нова опрема за подготвување на храната и за хранење.
Важно е да имате столче за хранење, кое може да го позајмите од пријатели. Не ја потценувајте вредноста на нешто што лесно може да се избрише, за да не чистите храна од намештајот и подот по неколку пати на ден.
Исто така ќе ви треба:
- Две мали и меки лажици – една со која ќе го храните бебето, а друга за да си игра додека го храните.
- Лигавчиња за заштита на облеката.
- Хартија или мушама за заштита на подот.
- Блендер
- Садови за варење на храната.
- Садови за хранење.
Што треба да знаете пред да започнете?
Пред да започнете со прихранување со цврста храна, потребно е да го изберете вистинскиот момент:
- Изберете мирно време во кое вашето бебе е малку, но не премногу гладно. Така ќе се чувствувате смирени и прибрани.
- Дадете му 1-2 лажички. Ако вашето бебе не сака, обидете се следниот ден.
- Не се откажувајте ако бебето прави смешни фаци. Бебињата можат да прават најразлични гримаси при вкусување нова храна, дури и ако им се допаѓа.
- Млекото е се уште главна храна. Воведувањето на цврста храна не значи исфрлање на оброците со млеко.
- Ако бебето почне да не ја отвора устата или да ја врти главата, престанете со хранење.
Со која храна да започнете?
Добар прв избор на храна е варен зеленчук (морков, компир) или овошје (банана, јаболко, круша)
Исто така можете да изберете јогурт (но не пред шест месеци) или ориз измешан со мајчино/адаптирано млеко.
Ќе треба да направите прилично изедначена смеса, за бебето да може без пречки да голта.
Што е со млекото?
Доењето или хранењето со адаптирано млеко е клучен ден од исхраната на бебето. Ова не е време да започнете да му ги намалувате оброците со млеко. Во моментот кога вашето бебе ќе има 3 добри оброци на ден со цврста храна, почнете да размислувате да намалите со оброците со млеко. Дури и тогаш треба да го следите апетитот на бебето и да се воdите според неговата потреба за млеко.
Вашето бебе се уште треба да прима 500-600 мл. мајчино или адаптирано млеко на ден, се до првата година. По првиот роденден може да го замените адаптираното млеко со кравјо млеко и секако, ако доите да доите се додека бебето сака.
А други пијалоци?
Покрај млекото, најдобар пијалок за бебето е вода. Другите пијалоци може да содржат шеќер. Доколку вашето бебе повеќе сака да пие сок, тогаш давајте му од чаша, а никако од шише.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?