|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Научете ги децата да пливаат уште како мали

Асс. Д-р. Дорица Шајбер, 27.3.2015
Пливањето е воедно и дружењето, користењето на слободното време, зајакнувањето на самодовербата, позитивно влијае и на психо-социјалниот и физичкиот развој на детето.

image
/11


 

Пливањето е многу значајно во животот и многу е важно како превентива од давење. Тоа знаење ни овозможува да се вклучиме во најразличи спортови во вода, како што се синхронизирано пливање, брзо пливање, скокови во вода, ватерполо...

Пливањето е воедно и дружење, искористување на слободното време, јакнење на сигурноста во себе итн. Исто така пливањето позитивно влијае на психо- социјалниот и физички развој на детето.

 

Пливање во раната возраст влијае на телесниот развој:

- Дишење:  
Притисокот на водата е причина за појако издишување на воздухот. Затоа вашето дете е присилено појако да вдишува. Така му зајакнуваат дишните мускули, а виталниот капацитет се зголемува скоро за 20 %.

-Кардиоваскуларен систем:    
Притисокот на водата позитивно влијае и на кардиоваскуларниот систем, бидејќи делува и на деловите на телото кои се во водата. Под влијание на тој притисок дотекува околу 20 % повеќе крв во десниот дел на срцето и преку градите во левиот дел на срцето. Така се зголемуваат и јакнат мускулите на срцето.

- Скелет:

На развојот на скелетот влијае детското интензивно движење во вода, а како последица на ова доаѓа до брз раст на коските и нивно добро обликување. На тие деца и 'рбетот почнува порано да се менува од кружна во двојна Ѕ форма.

- Мускули:  
Пливањето доведува и до комплетно обликување на мускулниот систем. Ортопедите во тоа гледаат основа за здрав развој на детето без лошо држење на телото. Во положба на стомак, се јакнат мускулите на грбот, рамениците и останатите мускули.

- Терморегулација:  
Разликата меѓу температурата на телото и температурата на водата (меѓу 32 и 37 °C) ја поттикнува терморегулацијата и отпорноста на телото. Со редовно вежбање се поправа реакцијата на детската кожа на студено, способноста на терморегулацијата и јакнење на имунитетот.

 

Важни се првите информации за водата и рано учење

Родителите се првите учители, бидејќи уште дома, во када му ги даваат првите информации за водата (пријатни и непријатни). Затоа односот на родителите и околината кон водата, за детето е многу важен. Никогаш не го присилувајте детето! Неопходен е правилен и стручен начин. Децата кои одат на курсеви под стручен надзор, можат кога ќе пораснат своето знаење да им го пренесат на своите деца.

Детето треба што порано да научи да плива, под услов да ја сака водата и да не се плаши од неа. Стравот од вода не е вроден, туку настанува поради лошите искуства. Затоа, на почеток на учењето многу е важно детето да добие позитивни искуства и да се чувствува сигурно. Всушност, подготовката за пливање почнува уште од дома во када, многу порано пред детето да почне да оди на базен.

 

Метод на Фред и класичен начин на учење

Според методот на Фред, треба да почнете со учење на вашето дете да плива многу рано, и тоа уште додека детето е бебе, бидејќи во тој период знае да се оттурне со нозете (рефлекс кој го губи кога ќе прооди). Основа на овој метод, се Фредовите обрачи кои имаат дел за стомакот, на кој детето лежи во положба за пливање. Оваа програма се прави во длабока вода, така што детето е врзано за овој обрач.  Уште првиот час ја чувствува силата и лизгањето на водата, и самостојно се движи во неа. Бебето се чувсвува сигурно и опуштено, па затоа и брзо напредува.

 

Освен по методот на Фред, пливање се учи и на класичен начин, кој е составен од 6 степени за навикнување на вода:                                                                                       
- навикнување на отпорот на водата,

- нуркање,

- гледање под вода,

- издишување под вода,

- лебдење,

- лизгање.

 

Кога децата ќе го совладаат лизгањето по водата, може да се почне со учење на една од техниките за пливање, прво на суво, па на раб од базенот, со помагала и на крај самостојно. Игрите кои се изведуваат по класичен метод содржат многу малку елементи на пливање, бидејќи се прават во вода каде децата може да стојат, т.е. во вертикална положба. Игрите без елементи за пливање нема да го научат детето да плива. За да научи да плива, важно е што повеќе да се повторуваат правилните движењата со раце и нозе (удирање со нозете и веслање со рацете). Во плитката вода детето постојано бара и стои на дно. Истражувањата покажале дека учењето по методот на Фред е подобро, и најчесто децата на претшколка возраст на тој начин учат да пливаат. Содржината на класичните курсеви, треба да се промени во тој правец и што помалку време да се потроши на навикнување на водата, а повеќе на правилните движења, за да се дојде до автоматизација на правилно пливање.

Вежби, како што се миење, туширање на глава, нуркање, гледање под вода, издишување во вода и слично, детето може да прави и дома, во када. Така може да се намали времето на навикнување на водата на курсевите по пливање и да се обрати внимание на пливањето. Зборот учење не смее да се разбере како принуда, бидејќи учењето пливање низ игра е многу пријатно и забавно и за најмалите. Играта е подготовка за живот, во овој случај подготовка за пливање.

На децата треба многу да им се повторуваат правилните движења и затоа се препорачува учењето да биде по методот на Фред во првата година или меѓу четвртата и петтата година од животот., бидејќи тогаш е најефикасно. Истражувањата покажале дека учењето пливање меѓу првата и третата година дале најслаби резултати. Затоа се препорачува методот на Фред да се учи во градинките, бидејќи децата по завршената програма веќе би знаеле да пливаат. На училиште само би го надополнувале своето знаење со учење на други техники, скокови, и безбедни вежби како превентива од давење.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 магични билки за подобар имунитет
Наместо веднаш да посегувате по апчиња кога ви е намален имунитетот, ние ви препорачуваме да пробате да го подобрите на ...
3
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Kakvi deca sakate da imate
ena@

Kakvi deca sakate da imate?

Masko Zensko (49%)

Masko Masko (8%)

Zensko Zensko (16%)

Zensko Masko (28%)


Број на сите гласови: 76

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!