|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Најголемите заблуди за жените домаќинки

Редакција Рингераја, 7.6.2018
Генералното мислење е дека жената домаќинка е секогаш дома, чисти, пери, пегла, итн. Вистината е дека ниту една домаќинка не ги прави само тие домашни работи како што асоцира името домаќинка. Затоа да ги разрешиме најголемите заблуди и дилеми
Клучни зборови:

image
/11


ТИЕ СЕ ДОМАЌИНКИ ЗАТОА ШТО ТАКА ИЗБРАЛЕ

Во поголемиот број случаи, мајките стануваат домаќинки затоа што такви биле околностите. Тоа може да биде бидејќи не можеле да најдат работа или бидејќи тоа било подобро за децата и семејството. Самиот факт дека некоја жена е домаќинка не мора да значи дека е во прашање желба или одлука која дошла од срцето.

САМО НЕКОИ ЖЕНИ МОЖАТ ДА БИДАТ ДОМАЌИНКИ

Ова е сосема неточно. Не постои тип на жени кои поседуваат одредени карактеристики поради кои би биле совршени домаќинки. Постојат толку многу различни видови семејства и родителски стилови, а одлуката еден од родителите да остане дома можеби е некогаш најдоброто решение за нив.

ДОМОТ Е СЕКОГАШ ЧИСТ И СРЕДЕН

Да, домот е секогаш чист и среден доколку имаат куќна помошничка или доколку чистењето е нивната голема страст. Многу домаќинки на ова прашање ќе ви одговорат дека нивните деца се нивниот фокус, а чистењето може да почека. Да се биде домаќинка не значи дека треба да се биде чистачка.

ДОМАЌИНКАТА СЕКОГАШ СЕДИ ДОМА

Обично луѓето мислат дека ако мајката е домаќинка тоа значи дека таа по цел ден седи дома и само чека некој да ја посети, а потоа се изненадуваат кога ќе ја сретнат на улица носејќи ги децата на тренинг, одејќи на некаков курс или едноставно шетајќи.

ТИЕ ОСТАНУВААТ ДОМА БИДЕЈЌИ САКААТ ДА ПОМИНУВААТ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ СО ДЕЦАТА

Тоа што некоја жена е домаќинка не значи дека секоја минута ја поминува бдеејќи над децата. Кога децата се мали, нормално дека мајките ќе поминуваат повеќе време со нив, но подоцна како тие растат, едноставно мајката-домаќинка е повеќе достапна за своето семејство. Тоа подразбира носење на децата на различни активности, завршување на административните работи за семејството, па и посетување на некој курс по своја желба.

МАЈКИТЕ – ДОМАЌИНКИ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ

Спротивно од ова уверување е дека мајката – домаќинка може да биде најбогатиот извор на нови информации, како за земјата и светот, како и за комшиите. Таа ги знае важните настани на денот и секогаш е љубопитна да дознае нешто повеќе.

МАЈКИТЕДОМАЌИНКИСЕ ЗАВИСНИ ОД СВОИТЕ ПАРТНЕРИ

Како прво, во истиот момент кога започнувате да живеете со својот партнер започнувате да функционирате како тим. Како второ, ова е 21ви век и многу мајки – домаќинки се образовани и постојано го надоградуваат своето знаење, способности и вештини. Тие се жени кои не бараат спонзори туку партнери кои ќе ги почитуваат и како домаќинки и како вработени жени.

СИТЕ МАЈКИ – ДОМАЌИНКИ ЈА ОБОЖАВААТ СВОЈАТА РАБОТА

Вистината е дека не мора да го обожавате секој дел од фактот што сте домаќинка за да бидете добри во тоа. Да се биде домаќинка е исто како и секоја друга работа – има добри и лоши денови, добри и лоши моменти, но сите тие работи ја сочинуваат професијата.

СЕМЕЈСТВАТА КАДЕ ШТО МАЈКАТА Е ДОМАЌИНКА СЕ БОГАТИ

Многу од луѓето сметаат дека ако жената е дома тоа значи дека тоа семејство има многу пари. Тоа е апсолутно погрешно. Многу од овие семејства би посакале тоа да е вистина, но всушност, да се биде домаќинка нема голема поврзаност со парите. Меѓутоа, тоа не значи и дека се сиромашни и таа одлука била донесена заради подобро воспитување на децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3
Превенција од искривување на главата кај б...
Се повеќе бебиња имаат проблем со искривување на главата, што е последица на лежење на една страна. Се проценува дека 13...
3
БАРАМЕ 12 Ѕвезди за бебе календар за 2022 ...
Драги родители, не ги пропуштајте моментите на среќа и чиста радост со вашите малечки, зачувајте ги тие спомени како неш...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?