|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мрачните тајни на сувото овошје

Редакција Рингераја, 13.8.2019
Прашањето е: Колку од овие производи се навистина здрави и природни, ако стојат на полиците повеќе месеци, па и години?

image
/11


Еден таков производ кој нашироко се препорачува како здрав производ е сушеното овошје, кое може да се најде пакувано или во рефус. Во суштина овошјето ако се суши без никакви додатоци и конзерванси или ако тие додатоци се природни како на пример, сок од лимон, тогаш тоа навистина е здрав производ кој е одличен како меѓуоброк или ужина.  Меѓутоа, овде се јавува проблемот. Речиси сите кои се достапни на пазарот, било да се пакувани или во рефус се сушат со штетни конзерванси – сулфити. Сулфитите спречуваат губење боја на овошјето и го спречуваат растот на бактерии.Сулфитите кои се користат за оваа намена се: сулфур диоксид (E-220), натриум сулфит (E-221), натриум бисулфит (E-222), натриум метабисулфит (E-223), калиум метабисулфит (E-224), калциум сулфит (E-226) и калциум бисилфут (E-227) и секако дел од нив се дозволени и во производството на органска храна.

 

 Сулфур диоксидот е отровен гас кој се користи како конзерванс во производството на сувото овошје, потоа во овошни сокови, овошје, житарки за појадок, многу обработени закуски вклучувајќи колачи, безалкохолни пијалаци,алкохолни пијалаци, кисела зелка, месо,салати, житни барови, мусли, јогурт, сладолед, бонбони, замрзнати компири за помфрит, леб, маргарин и безглутенско брашно. Исто така се користи во процесот на производство на вино, оцет, пченкарен сируп, пченкарен скроб и гликозен сируп. Корисно е да ги проверувате етикетите на храната за присуство на сулфити, сулфур диоксид и Е бројките во опсег од Е-220 до Е-228. Сепак, фирмите-производители се обврзани да ги наведат сулфитите како состојка само ако количината е поголема од 10 mg / литар или 10 ppm.

Процесот на зачувување на храна со сулфур диоксид е наменет да обезбеди подолг рок на траење, да се уништат штетните бактерии кои би можеле да растат на храната, но и да помогне прехранбените производи да го одржат својот совршен визуелен изглед. Се произведува индустриски како алтернатива за белило, агенс за намалување, и секако за производство на сулфити за зачувување на храната. Кога ќе се внесе во човековиот организам тој ги инхибира специфичните нервни сигнали, го ограничува функционирањето на белите дробови, и е директен алерген - над 65% од астматичните деца се чувствителни на ЅО2 (Светска здравствена организација, 1999), а исто така негативно влијае и врз 70% од децата кои имаат проблеми во однесувањето. Дури и мала количина на сулфити може да направи голем здравствен проблем ако сте чувствителни на него. Ако имате астма, друго белодробно заболување или алергија на сулфити, јадењето на суво овошје може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со дишењето, алергии – опасни по живот, во ретки случаи, смрт. Само малкумина од астматичарите имаат моментална реакција на сулфит и оттука се свесни на нивната осетливост на сулфити. Астматичарите со помала осетливост немаат моментална реакција и генерално не се свесни за нивната осетливост. Меѓутоа, голема е веројатноста сулфитите да предизвикаат иритирање на дишните патишта без очигледни симптоми додека личноста не биде изложена на ладен воздух, вежбање или вирус. Овие информации се особено важни за луѓето кои имаат астма бидејќи има поголема веројатност да искусат несакани реакции по јадење на храна која содржи сулфити како суво овошје. Од 3 до 10% од астматичарите искусуваат вакви реакции и оние кои имаат преосетливост на дишните патишта, астма предизвикана од стероиди или хронична астма од детство имаат поголема веројатност да искусат сериозни реакции на сулфитите, според статијата објавена во „Клиничка и експериментална алергија“ ("Clinical and Experimental Allergy" )  во ноември 2009 година.

Сувото овошје се наоѓа на врвот од листата на храна со најмногу сулфити, меѓу 500 и  2000 делови на милион (ppm). За споредба, виното – производ кој според многумина има висока содржина на сулфити – содржи помеѓу 20 и 350 делови на милион (ppm). Земјите имаат различни стандарди за сулфитите. Австралиската влада дозволува количината на сулфити да биде до 3000 делови на милион (ppm) додека британската влада дозволува таа да биде до 2000 делови на милион (ppm).

Од сликите подолу можете самите да забележите како изгледа овошјето кое е третирано со сулфити, а кое е природно сушено во дехидратор Екскалибур на температура од 43 степени целзиусови (од лева страна на сликите се овошја третирани со сулфити и дополнително додадени вештачки бои и шеќер, а од десна страна се природно сушените овошја без никакви додатоци)

 

1

2

3

Хемиската анализа на суви кајсии, праски и круши покажала  просек од 2885 мг/кг сулфит. Тоа значи дека во просек 200 гр пакување на суво овошје ќе содржи 577 мг на сулфур диоксид. Видете подолу споредба на други можни извори сулфит за деца (нивоата на сулфити се променливи за секое пакување)

  • Суво овошје - 16 мг во една сушена кајсија
  • Колбаси - 8 мг во половина тенок колбас
  • Пијалаци - 5 мг во една чаша
  • Помфрит - 1 мг во 50 гр.

Сулфур диоксидот се користи како конзерванс, бидејќи го спречува растот на бактерии, мувла и габи; и како хемикалија која ги уништува природните ензими на овошјето кои предизвикуваат промена на бојата, зреење, и гниење после бербата. Наместо тоа, овошјето се пакува и останува “свежо” на полиците во маркетите долг временски период. Со ваквите својства, сулфур диоксидот ја блокира и апсорпцијата на хранливи материи од истите тие овошја за време на варењето во дигестивниот тракт. Доколку се користи подолго, може да биде одговорен за: кардиоваскуларни болести, заболувања на гастро-интестиналниот тракт и на црниот дроб, невролошки пореметувања, раздразливост на дебелото црево, осип на кожата, астма, дефицит на фолна киселина, како и за прерана смрт. 

За да ги избегнете сулфитите во храната, најдобро да купувате свежа, непакувана и необработувана храна која сами ќе ја приготвувате. Денес, на пазарот може да најдете дехидратори за храна и со нив лесно може да сушете овошје и зеленчук без штетните конзерванси и адитиви. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Тие мали очиња мислат дека си совршена
Текстот на Бетани Џејкоб стана хит на социјалните мрежи, бидејќи им разбуди силни емоции на многу родители
4
Ароматераписки методи
Постојат бројни начини на користење на есенцијалните масла поради нивните лековити својства. Во ароматерапијата, етеричн...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?