Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Пред се мораме да напоменеме! Редовното конзумирање на печена скара е познато по својот штетен ефект. Иако сите ние ја конзумираме, неминовно е да напоменеме дека високата температура на која се подготвува месото иницира создавање на штетни соединенија кои имаат висока канцерогена моќ, па се доста штетни за здравјето. Исто така и чадот кој излегува од скарата, и темперетурата која се произведува од неа, доведува до реакција на креатининот и аминокиселините во месото и рибата, создавајќи хемиски соединенија познати како хетероциклични амини (HCA) што е исто така штетно.
За разлика од цигарите и некои други намирници, за кои навистина нема што позитивно да се каже, за скарата сепак може да се одбере некој позитивен збор, не толку за здравјето на телото, туку за здравјето на духот.
Пред се е добро што на скара не се ставаат масла, месото кое не се пржи во масло е многу по здраво за конзумирање. Постојат разни начини за вашата скара да функционира, плин, јаглен, струја и сл. Од овие најштетно е приготвувањето на скара на јаглен.
Да, во секое друштво има по еден мајстор за скара, кој целиот ден ќе го потроши занимавајќи се со нејзиното распалување, одржување и печење. Сепак, некој мора да го одмени, бидејќи постојаното седење до чадот е исклучително штетно и опасно. Затоа, при подготовката на скарата секогаш бидете повеќемина. Месото превртувајте го често, така тоа ќе биде повкусно, а штетноста ќе биде мала. Предходно истото можете да го обабрите и да го истенчите, за тоа да помине помалку време на високата темперетура, а со тоа да биде помалку штетно.
Скарата никако неможе да биде штетна ако се конзумира во помали количини и не толку често. Излегувањето во природа, доброто расположение, играњето на топка на зелените ливади, и мирисот на скара, се комбинација која никако неможе да биде штетна.
5
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...