|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Маша, Медо и Доми на едукативна турнеја

ИК Култура, 9.4.2015
Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираат децата во рамките на проектот што го организираат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“

image
Маша и Медо
/21


 

Во споменатиот период ќе биде изведена театарската претстава „Веселата училница“, наменета за деца од предучилишна и рана школска возраст, а инспирирана од постојаниот страв на децата од започнување на училиштето.

Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Гевгелија (25 април), Струмица (26 април), Кавадарци (16 мај), Велес (30 мај), Куманово (31 мај). Проектот завршува со изведба на „Веселата училница“ во Скопје, на 7 јуни, во Македонската опера и балет. Во сите градови претставата започнува во 12.00 часот.

 

Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителот, учениците и Маша и Медо, децата од најрана возраст да се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.

 

Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на проектот, поставува и забавен едукативен караван во вид на училишен двор, во кој децата, заедно со полжавчето „Доми“ од осигурителниот продукт „Доми Комплет“, ќе можат да се дружат и активно да учествуваат во низа интерактивни игри и да освојат награда. Особено интересна е играта „Не лути се Доми“ каде што децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра „Не лути се човече“. Училишниот двор се поставува од 11.00 до 14.00 часот во секој град каде ќе се одржуваат претставите.

 

Цената на влезниците е од 150 денари која вклучува подарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.

 

Издавачката куќа „Култура“ оваа претстава ја подржува како дел од целата промотивна кампања за едицијата „Маша и Медо“ која брои 5 боенки, 8 сликовници и 2 интерактивни сликовници на македонски и албански јазик, за која ги има авторски права за Македонија. „Изданијата особено се популарни кај македонската публика. Светскиот успех ја покажува силата и потенцијалот на Маша и Медо. Приказните се издвојуваат како нешто оригинално и иновативно и едновремено и ги забавуваат и ги едуцираат децата за вредноста на вистинското пријателство, грижата, слободата и креативноста на еден забавен и ненаметлив начин. Публиката насекаде во светот позитивно реагира на тоа, што создава многу силна платформа за лиценцирање“, изјави Ана Ќовкарова директор на ИК „Култура“.

 

Со промотивното прикажување во 2009-та година, „Маша и Медо“ за брзо време стана една од најпопуларните анимирани серии за деца во Русија, а денес се прикажува во над 100 земји во целиот свет. Освен серијата, под лиценцата Маша и Медо се и книги со приказни, боенки, брендирани играчки, ранци и училишен прибор, украси, друштвени игри и акцесоари.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Животот не мора да е совршен за да биде убав
Сите ние посакуваме совршенство. Сакаме да имаме совршен ден, совршени односи, совршени резултати.
3
Добрината - најсилниот јазик на човечноста
Колку пати некој ти помогнал со мала работа и ти го направил денот подобар? Тоа е добрината, најмоќната валута што сите ...
3
Сонувај, верувај, започни
Денес зборуваме за соништата, оние вистинските, оние кои понекогаш се плашиме да ги кажеме гласно, оние што ја будат тре...
3
Токсични супстанци што секој ги има
Од миризливи свеќи до омилени средства за чистење, многу секојдневни производи содржат хемикалии што можат да влијаат вр...
3




Анкета

Со бившиот имам???
kikicka

Во какви односи сте со вашиот бивши партнер?

Сјаен однос (18%)

Амнезија,не го познавам! (37%)

Само поздрав (32%)

Катастрофален однос (13%)


Број на сите гласови: 78

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!