|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

lukace: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 19.9.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: lukace

Датум на породување: 30.07.2011 година

Тип на породување: природно

Болница: Св. Лазар

 

Се започна во октомври, 2010 година кога ги видов двете цртички на тестот за бременост. Не ми се веруваше и отидов да купам уште еден тест и на него истото, веќе немаше сомнеж бремена сум. Му кажав веднаш на маж ми, тој се израдува, а јас не знаев каде сум. Имам само 21 година дали ќе можам да се снајдам со бременоста, како ќе го гледам бебето,  јас сеуште не сум завршила факултет... Сите тие работи ми ставаа во главата некоја грижа, а сите ми викаа еееее будалче едно, знаеш колку луѓе сакаат да имаат деца, а не можат а ти ќе имаш едно сонце немој да се грижиш се ќе си дојди во ред. Кога отидов првиот пат на преглед и го слушнав како му чука срценцето- тоа е нешто најубаво, бев пресреќна дека ќе станам мајка. Сите месеции од бременоста ми поминаа во трчање  дома, на факултет до осми месец си одев редовно, венчавка, матично и се така во трчање па и во шести месец се преселвавме со маж ми под кирија и се сместивме во стан на петти кат без лифт и сите ми викаа - ти на скали ќе го родиш детето, а јас оставав се на Господ. Во седми месец се сеќавам ми се качи еднаш притисокот и ми дадоа диазепам оти не беше повеќе од 140. Мојата бременост ја водев во Систина и имав некоја сигурност од таму. Во осми месец  добив дијареа, а тоа е најлошо мислам да не можеш да јадеш,  а трудна ти се јаде се и сешто...

Дојде и деветти месец, терминот ми беше на 20 јули, но помина и тој датум. Сите се јавуваа, ајде ајде, да не има ново да не има ново, а кај нас ништо. Те фаќа паника и нервоза. Една вечер после некој осум или девет дена како што викаа дека го надносив Лука ме фатија некои болки ама беа онака издржливи и беа на секои седум минути. Знам дека ми рекоа додека не стигнат на две, три минути не оди во болница оти тие се лажни болки. Така си седев дома, гледав телевизија, а маж ми спиеше не го ни разбудив. Дента отидов на преглед и викам имам болки на седум минути,  а докторот ме гледа таква дотерана средена како да не вика оди си дома. Добро помина дента вечерта ме фатија силни болки но пак на секој седум минути издржав некако и втора вечер ненаспана. Утрото во пет часот ме однесе маж ми во Систина, таму ме задржаа со два прсти отворена, веднаш ми ставија клизма, ме спремија и останав да лежам да го чекам докторот и да се отварам. Дојде и дежурниот и ми вика ништо пак два прсти. Кога дојде мојот гиниколог околу четири часот попладнето, вика ништо исто е се,  сега ќе ти дадеме спазмекс и диазепам малку да ти се намалат болките бидејќи навистина не можев да издржам. Докторот ми вика ќе заспиеш, ама какво спиење не склопив око и покрај 5 милиграми диазепам. Пак се врати вика движи се ама викам трет ден сум со болки ни јадена ни спиена дајте ми нешто за да ме накрени. Ми ставија клизма и не можам да јадам ми даде инфузија и некако се накренав не ми се вртеше веќе и почнав да станувам, а сите во мојата соба што ги примија си заминаа на  породување само јас седев. Уште еднаш пред да си оди докторот ме виде ништо вика ти си имала лажни болки ќе ти дадеме уште 5 милиграми и ќе спиеш викам за спиење ќе одам дома и ќе се напијам и се отпишав си заминав. Болките не се намалија ни малку вечерта околу два часот отидовме во Државна болница. Докторот ми вика ништо девојче два прсти си отворена. Побарав да ме направат царски рез, не смеам ми рече се е во ред и со тебе и со бебето оди си дома. Кога се вратив дома и покрај 10 милиграми диазепам око не склопив, болките се зголемуваа се повеќе и повеќе, станаа не издржливи почнав и да поврќам и околу седум часот отидовме во болницата Св. Лазар. Маж ми не сакаше да ме однесе вика е како да не сите болници ќе ги вртиме, ама некако со кавги го убедив кога отидовме таму не можев да стојам . Побарав да ми направат царски рез и докторката вика само да те видам кога ме види пет прсти отворена, што ќе ти е царски рез. Малку ми олесна, бидејќи сите болки ги поминав и на крај пак царски рез, не е фер. Ме спремија, брзо ми ставија спазмекс малку да се смирам, провокација и епидурална. Со епидуралната спас болки нема, супер. Одморав некое време кога дојде докторката и ме праша дали на бокс сакам да имам епидурална или не јас реков не, ќе издржам. Добив напон околу десет и нешто и ме однесоа на бокс. На бокс не можев да напнам доволно, пробав повеќе пати на крај дојде доктор притисна одозгора на стомакот, напнав и Лука излезе. НЕМА ПОУБАВО ЧУВСТВО КОГА ЗНАЕШ ДЕКА СТАНУВАШ МАЈКА И КОГА ЌЕ ТИ ГО СТАВАТ НА ГРАДИ, тој момент не се споредува со ништо на овој свет.

Така Лука се роди, а сега еве скоро 20 и некој ден имаме а јас не можев да дочекам да не ви пишам за мојот најболен и најубав момент во животот. Сите болки се забораваат кога ќе ги видите тие очички слатки.

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Лука !

 

Топ 10 породилни приказни

 

Melanija *: Мојата породилна приказна

 nadica: Мојата породилна приказна

 Тања: Мојата породилна приказна

 Anushka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

 kikicka: Мојата породилна приказна

 AnnaMolly: Мојата породилна приказна

 мичо: Мојата породилна приказна

 Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Каква треба да биде улогата на таткото во ...
Очигледно, телото на мажот е неопходно за да се појави бременост. Ова не значи дека неговата улога е само да произведе с...
6
Правилна исхрана во 2-то тромесечје од бре...
Вториот триместар од бременоста е обележан со зголемување на енергијата. Апетитот расте и утринските мачнини се смируваа...
5
Зошто да се повлече предлог законот за або...
До Редакцијата на Рингераја стигна допис од неколку женски организации кои излегоа со образложение за штетните последици...
5
10 работи кои бебето во стомакот не ги сака
Дали забележавте дека бебето во матката реагира на силното смеење и на одредена храна, со нагли движења? Некои работи шт...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?