Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Леќата се вбројува во групата на зрнести мешункасти зеленчуци, заедно со гравот, грашокот, боранијата. Познати се околу 40 – тина сорти леќа, кои се разликуваат по боја, големина и форма.
Леќата се одгледувала уште од камено доба, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде е донесена и во Европа.
Се претпоставува дека леќата е прва намирница која човекот почнал да ја одгледува. Пред 8000 години пронајдена е на археолошките наоѓалишта на Блискиот Исток, а пронајдена е и во гробниците на египетските фараони.
Ја одгледувале и старите Грци и Римјани, а се спомнува и во Библијата.
Леќата со векови, зедно со јачменот и пченицата, била основна човекова намирница.
Леќата е, што е и најбитно во времињата на економска криза, многу ефтина.
Таа е богата со протеини и растителни влакна (100 грама сува леќа содржи 48% протеини и 46% влакна од препорачаните дневни потреби). И другите мешункасти плодови се најдобар извор на протеини.
Лековитите својства на леќата се многубројни. Таа не содржи заситени масти, не содржи холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го намалуваат нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, додека нерастворливите влакна го забрзуваат метаболизмот на варењето и го скратуваат времето на задржувањето на храната во цревата. На тој начин го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.
Леќата содржи висок процент на витамини од групата Б, што поволно влијае на нервниот систем, на кожата и косата, додека високата количина на железо помага при слабокрвноста.
При приготвување, ставете ја леќата во врела вода, бидејќи така побрзо ќе се свари. Во зависност од видот на леќата, варењето трае од 20 до 40 минути, а се служи како вариво, како додаток на салати, како прилог на месо и риба.
6
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на доењето во создавање емоционална поврзаност
Доењето често се гледа првенствено како начин на исхрана, но неговото ...
Сe за сите, ништо за себе: тивкиот предизвик на мајките
Во периодот по раѓањето на детето, многу мајки несвесно влегуваат во о...
Што е „согласност“ и зошто е клучен дел од интимноста?
Во разговорите за врски и интимност сe почесто се споменува терминот с...
Пубертет кај децата, што да знаат родителите?
Пубертетот е важен и чувствителен период во развојот на секое дете. То...
Спермата не е само „носител“ на сперматозоиди. Таа е комплексна течнос...