Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Говорот природно доаѓа прв, пред читањето и пишувањето.
• Тивок период
Кога бебињата го учат мајчиниот јазик, постои т.н. тивок период во текот на кој тие гледаат и слушаат и може да комуницираат преку изрази на лицата или гестикулации пред да почнат да зборуваат. Кога малите деца го учат англискиот јазик, може да се јави сличен ‘тивок период’, т.е. период во кој комуникацијата и разбирањето постојат пред децата да прозборат некој англиски збор. Во овој период родителите не треба да ги присилуваат децата да учествуваат во дијалог и да повторуваат зборови. Дијалогот треба да е едностран, односно говорот на возрасните треба на детето да му овозможи да го усвои јазикот. Кога возрасните користат говор прилагоден на децата со цел да им го олеснат учењето, детето може да ги користи стратегиите кои веќе ги користело при учење на мајчиниот јазик.
• Почетно продуцирање на говор
По извесно време, во зависност од зачестеноста на користењето на англискиот јазик, секое дете (девојчињата обично побрзо од момчињата) започнува да продуцира едноставни зборови (‘cat’, ‘house’) или кратки реченици (‘What’s that?’, ‘It’s my book’, ‘I can’t’, ‘That’s a car’, ‘Time to go home’) во кратки дијалози или самоиницијативно. Детето нив ги меморира, точно имитирајќи го изговорот без да сфати дека изговара повеќе од еден збор. Оваа фаза трае извесно време додека детето сé повеќе го усвојува јазикот, користејќи ги готовите изрази за воспоставување на дијалог сé додека не се почувствува способно да создаде сопствени реченици.
• Надоградување на англискиот јазик
Децата постепено ги надополнуваат фразите. На оние кои се состојат од еден мемориран збор (‘a dog’, ‘a brown dog’, ‘a brown and black dog’) или на запаметениот јазичен израз (‘That’s my chair.’ ‘Time to play.’) додаваат зборови од својот вокабулар. Во зависност од изложеноста на англискиот јазик и од квалитетот од искуството, децата постепено почнуваат да создаваат цели реченици.
Разбирање
Луѓето обично разбираат многу повеќе, а многу потешко се искажуваат, така што не треба да се потценува способностаза разбирање кај малите деца. Тие се навикнати да го разберат мајчиниот јазик во повеќе контексти. Иако не можат да разберат сé што ќе слушнат на мајчиниот јазик, децата ја сфаќаат суштината: разбираат неколку клучни зборови и го дешифрираат значењетона останатото од контекстот. Со поттикнување, децата набрзо ќе јаискористат вештината за разбирање на ‘суштината’ за да го сфатат значењето и на англиски јазик.
Фрустрации
По првичниот допир со англискиот јазик, некои деца (особено машките) се фрустрираат од неможноста да ги изразат сопствените мисли на англиски јазик. Други пак, се фрустрираат затоа што сакаат да зборуваат со истата брзина со која го говорат мајчиниот јазик. За да се надмине фрустрацијата, честопати е доволно на децата да им понудите кратки ‘улоги’ како на пример, ‘I can count to 12 in English’ или рецитирање на едноставни стихови кои се состојат од вообичаени фрази.
Грешки
На децата не треба да им се обрнува внимание кога ќе погрешат, бидејќи секоја исправка може да доведе до демотивација. Грешките може да се дел од процесот на сфаќање на граматичките правила на англискиот јазик или едноставно грешка во изговорот. ‘I goed’ набрзо станува ‘went’ доколку родителот одговори со ‘yes, you went’; доколку детето вели ‘zee bus’ наједноставно е да му се одговори со изговарање на зборовите ‘the bus’.
Како и при учење на мајчиниот јазик, доколку родителите зборуваат правилно, децата сопствениот говор ќе го корегираат кога ќе им дојде време.
Разлики во полот
Мозокот на момчињата поинаку се развива од мозокот на девојчињата и тоа влијае врз начинот на кој момчињата го усвојуваат и користат јазикот. Понекогаш, во мешани средини, овој факт се занемарува и момчињата многу често се засенети од природно-надарените девојчиња. Доколку сакаме момчињата да го достигнат својот потенцијал, треба да им овозможиме поинакви јазични искуства и нивните резултати да не ги споредуваме со оние од девојчињата. (продолжува)
1 дел: Како малите деца го учат англискиот јазик како друг јазик
3 дел: Опкружувања за учење на јазикот
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?