Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Малите деца потешко го усвојуваат англискиот јазик ако методите на учење не им се прилагодени и ако возрасните, при процесот на учење, не користат прилагодени јазични техники.
• Малите деца треба да се чувствуваат сигурни и да сфатат дека постои очигледна причина да го користат англискиот јазик.
• Активностите треба да се поврзат со некоја интересна и за нив секојдневна позната активност, како што е заедничкото читање сликовници на англиски јазик, рецитирање на англиски јазик, ‘англиска’ ужина и слично.
• Активностите се проследени со објаснувања од страна на возрасните за она што се случува, како и со дијалози во кои се користи јазик прилагоден на децата.
• Активностите поврзани со изучувањето на англискиот јазик се забавни и интересни, и се концентрирани на концептите што децата веќе ги разбираат на својот мајчин јазик. На овој начин, децата не мора да учат нови концепти и нов јазик, туку едноставно го изучуваат англискиот за да можат да зборуваат за нешто што веќе им е познато.
• Изучувањето е проследено со користење на специфични предмети, каде што тоа е можно, бидејќи тие го помагаат разбирањето и го зголемуваат интересот.
Читање
Децата кои веќе знаат да читаат на мајчиниот јазик воглавно сакаат да научат да читаат и на англиски јазик. Тие веќе знаат како да ги декодираат зборовите на мајчиниот јазик за да го разберат значењето на текстот. Сепак, доколку не им се помогне во декодирањето на англискиот текст, може да се случи да ги пренесат веќе за нив познатите техники и на англиски и да почнат да читаат со акцент од мајчиниот јазик.
Пред да почнат со декодирање на англискиот јазик, децата треба да ги знаат 26те гласови од абецедата. Бидејќи англискиот јазик има 26 букви и во просек 44 гласови (во стандардниот јазик), со воведување на останатите гласови подобро е да се почека сé додека децата не се здобијат со повеќе искуство во говорот и читањето.
Почетното читање на англиски јазик оди полесно доколку малите деца веќе го знаат јазикот кој се обидуваат да го прочитаат. Многу деца сами сфаќаат како треба да читаат на англиски, ако читале сликовници или учеле кратки стихови со возрасните, бидејќи најверојатно ја запаметиле содржината. Читањето на она што го знаат наизуст е важен чекор при учење на читањето, бидејќи на децата им дава можност самите да сфатат како да ги декодираат едноставните зборови. Кога децата ќе изградат фонд на зборови што може да ги прочитаат, тие се чувствуваат самоуверено и се подготвени за поструктуиран пристап.
Поддршка од родителите

Децата треба да го почувствуваат својот напредок. Постојано треба да бидат охрабрувани, поттикнувани и пофалувани за добрата изведба, бидејќи секаков успех носи мотивација. Родителите се наоѓаат во идеална позиција да ги мотивираат и притоа да им помогнат во процесот на учење, дури и кога самите тие имаат само основно познавање на англискиот јазик и учат заедно со децата.
Преку заедничкото учење, родителите не само што го воведуваат англискиот јазик и активностите на своето дете во семејниот живот, туку можат да имаат и влијание врз ставовите на своите деца спрема учењето на странските јазици и другите култури. Денес е општоприфатена тезата дека системот на вредностите се воспоставува до осмата или деветтата година од животот.
1 дел: Како малите деца го учат англискиот јазик како друг јазик
2 дел: Фази во усвојувањето на англискиот јазик
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...