vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еве некои факти околу Оскарите кои се помалку познати.
- Најмладиот носител на "Оскар" е 5-годишната Ширли Темпл во 1934 година. Подоцна Темпл станува дипломат и ја зазема функцијата амбасадор на САД во Гана и Чехословачка.
- Најстариот добитник на Оскар е Кристофер Палмер на 82 години, кој добива признание за најдобра споредна машка улога во филмот "Новаци" во 2012 година
- Најстарата номинирана за наградата Оскар е актерката Глорија Стјуарт, која на 87 години игра постара верзија на Роуз од "Титаник" во 1997 година
- Три филма имаат освоено 11 награди "Оскар" - "Господарот на прстените: Враќањето на кралот" (2003), "Титаник" (1997) и "Бен-Ор" (1959).
- Рекордот со по цели 14 номинации го држат "Титаник", "Се за Ева" (1950) и "Ла Ла Ленд" (2016).
- Ѕвезда со најмногу статуетки е Кетрин Хепберн, која беше прогласена за најдобра актерка во 1934 година, 1968 година, 1969 година и 1982 година
- Даниел Деј-Луис има три признанија за најдобар актер.
- Мерил Стрип го држи рекордот со најмногу номинации за главна женска улога - вкупно 20. Таа учествува и во овогодинешната трка со улога во "Флоренс Фостер Џенкинс".

- Џек Николсон пак има 12 номинации за најдобар актер.
- Пејачката Анони е првиот транссексуален човек со номинација - за најдобра песна на документарниот филм "Racing еxtinction".
- Првиот човек кој одбива наградата, е Дадли Николс, кој победи во категоријата "Најдобро сценарио" во 1935 година
Околу 3.000 статуетки се доделени од 1929 година. Производството на една серија од 50 статуетки трае околу 3 месеци.

3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...