|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Имам паничен напад – што да правам?!

Редакција Рингераја, 11.11.2015
Секој седми човек барем еднаш во животот имал запаѓање во состојба на паника.

image
/11


 

Жените почесто запаѓаат во паника, отколку мажите. Причината за состојбата не е сосема јасна, но е прифатено дека има врска со искуства на стресни и критинки ситуации. До одреден степен може да се смета дека паничното растројство е семејна особина.


Честите напади на паника доведуваат до развој на панично растројство. Луѓето кои страдаат од панично растројство, често доживуваат фобии и наметнати состојби - на пример, социофобии, агорофобија и депресија. Често луѓето кои се соочуваат овие состојби ги кријат, бидејќи ги сметаат за срамни. Тие страдаат во тишина и се повеќе се оптоваруваат со нови стравови и се затвораат уште повеќе во внатрешниот свет. Панично растројство е ментална болест и подлежи на терапија.


Паничното растројство може да трае неколку месеци, па дури и години, во зависност од неговата тежина и  методот на лекување. Почетокот обично започнува во младинските години.


Панично растројство е тип анксиозно нарушување, при што се пренесува во чести, периодични напади на паника, кои се одвиваат тешко. Панично растројство се карактеризира со ненадејни и чести напади на страв кај кои се забележани физички промени во состојбата - забрзано срцебиење, болка во градите, вртоглавица, скратен здив, чувство на тежина во стомакот и др. Напади на паника може да се случат секаде и во секое време. Се дефинираат како ненадеен наплив на неразумен страв, кој го стигнува својот врв за неколку минути и е придружен од ред симптоми.

Симптоми на панично растројство

Луѓето склони кон панично растројство често запаѓаат во епизоди на ненадејна силна анксиозност. За почетокот на болеста е типичен ненадеен почеток, без какви и да било причини и предзнак.



Карактеристични се и следниве симптоми:

парализираност и  чувство на паника,
забрзано срцебиење,
недостаток на воздух,
потење,
нерамномерно движење
гадење
вртоглавица,
брза промена на чувствата за топло-ладно,
болка или стегање во градите,
занемување
вкочанетост во рацете и нозете,
страв од губење на умот, или страв од смртта,
чувство дека светот е чуден и нереален.



Симптомите можат да се појават дури и на сон.

 

Продолжува

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Детска храна во микробранова печка?
Можеби штеди време и дава можност да се стопли храна која инаку е невозможно или тешко да се стопли, но не треба да се з...
4
Да, навикнувај го бебето во раце!
Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и ...
3
Грчеви кај доените бебиња
Грчевите, познати под името колики кај доенчињата, се своевидно чудо на природата. Нападите на плачење обично започнуваа...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?