vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ако згрешиш, ќе те бакнам
Сите доброволци седат на по едно столче, со грбот завртени еден спроти друг.Останатите играчи ги бројат месеците од Јануари до Декември. На секое повторно изговарање на месеците играчите мора да се завртат на некоја страна. Ако се завртат на иста страна ќе мора да се бакнат.
Криенка - миженка
Децата со броење меѓу себе ќе одлучат кој ќе мижи и на кое одредено место ќе брои до 20.Останатите деца се кријат. Кога ќе изброи до 20 почнува да ги бара. Кога ќе види некого од скриените деца оди до местото каде што броело и го кажува името на детето што го видело. Ако скриентото дете го претекне до местото на мижење, слободно може да ослободи кое сака друго дете.
Ле-тај, ле-тај
Децата наизменично удираат со показалецот по работ од масата. При тоа водачот на групата цело време повторува: Ле-тај, ле- тај...глаголот се повторува толку пати додека не се спомне некој предмет или нешто слично.... додека не се именува нешто што навистина лета (врапче)кога останатите играчи мораат да го кренат показалецот, а доколку не лета (кола) мораат без прекин да продолжат да удираат по масата. Кој ќе се збуни добива црна точка, кога играчите ќе се уморат од играта се бројат црните точки. Она дете што има најповеќе црно точки губи.
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...