|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Грешки кои ги прави секоја мајка по породувањето

Редакција Рингераја, 18.1.2023
Дали за прв пат станувате мајка? Оваа промена макар и радосна, може да биде и многу стресна за вас. Загриженоста околу доењето, грижата за бебето, непроспиени ноќи можат да ве истоштат
Клучни зборови:

image
/11


Постојат грешки кои секоја мајка на прво бебе ги прави, но кои не се непоправливи. Видете кои се.


Не прифаќате помош

Кога една жена ќе стане за прв пат мајка, таа сака да даде сe од себе, за да се погрижи максимално добро за нејзиното бебе. Многу мајки се срамат да побараат помош од блиски и роднини не само за да докажат дека можат да се справат со мајчинството, но и за да не бидат прифатени како лоши мајки.
Ова дефинитивно не е правилно. Вие може да бидете одлична мајка, но ако сте уморни и нервозни, последиците ќе се негативни не само за вас, туку и за бебето. Прифаќањето на помош е еден  сосема нормален чекор.


Не се фокусирате на враќање во форма по породувањето

Вашето бебе е фасцинантно и вие не престанувате да бдите над неговиот кревет. Не заборавајте да го одделите потребното време за одмор, да консумирате важни витамини за периодот по раѓање, да се храните здраво и да земате доволно течности. За да се вратите во форма максимално брзо, треба да се негувате и себеси.


Плачете додека бебето плаче

Во првите недели на мајчинството, жената е под стрес и можно е да се појави и постпородилна депресија. Чест случај е мајките да плачат заедно со бебето. Во нивното тело сеуште хормоните се обидуваат да се регулираат, што е и причина за честата промена на расположението и излив на емоции. Сепак нивниот плач нема да се смири бебето.


Читате премногу стручни текстови

Сигурно имате купишта книги и читате информации на интернет, прифаќате совети од роднини, ваши блиски пријателки со деца и сте си подготвиле стратегија за хранење, повивање, бањање и т. н. на бебето.
Не заборавајте дека инстиктот  е најважен. Доверете се на внатрешното чувство на она што вашето бебе ќе покаже дека има потреба или не.


Не одделување никакво време за себе

Да бидеш мајка е една од најважните "професии" во светот, но не заборавајте да одделите исто така малку време и за себе. Спортувајте, отидете на козметичар, на масажа, видете се со пријателки или едноставно наспијте се. И за сето тоа не треба да чувствувате никаква вина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
4
Ви го претставуваме Johnson`s бебе календа...
Со задоволство ви го преставуваме Johnson's бебе календарот за 2022 година кој го красат 12 рингераини ѕвездички
3
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето
2
Повеќе комфорност, повеќе мајчино млеко
Кога млекото треба да се измолзува..
2




Анкета

ime za moeto bebe
baby



mila (67%)

sara (33%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!