|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци

image
/11


 

 

Кашичка од спанаќ со компир

Количина за едно дете, за еден оброк

 

100 мл. млеко

1 лажица оризови снегулки

100 гр. спанаќ

40 гр. компир

1 лажица маслиново масло/путер

Спанаќот исчистете  го, измијте го и исцедете го. Компирот излупете го, измијте го, исечете го на коцки и ставете го да се вари. Кога ќе биде до половина варен, додадете го спанаќот и варете додека не падне на дното. Исцедете, испасирајте, додадете маснотија и ставете млеко. На крајот додадете оризови снегулки.

 

Кашичка од келераба, пченкарен гриз и мисиркино месо

Количина за едно дете, за еден оброк

50 гр. келераба

40 гр. компири

1 лажица пренкарен гриз

50 гр. мисиркино месо

1 лажица маслиново масло/путер

 

Ставете го мисиркиното месо да се вари. Келерабата и компирот исчистете ги, излупете ги, измијте ги и исечете ги на коцки. Кога месото ќе биде на половина сварено, додадете го зеленчукот да се вари додека не омекне. Додадете го гризот и варете околу 10-15 минути. На крај додадете ја маснотијата.

 

Кашичка од тиквичка, карфиол, компир и пилешко месо

1 лажица маслиново масло/путер

50 гр. тиквичка

30 гр. карфиол

40 гр. компир

1 лажица оризови снегулки

50 гр. пилешко месо

1 лажица маслиново масло/путер

Ставете го пилешкото месо да се вари. Компирот исечете го на коцки, а карфиолот разделете го на мали цветови па ставете го да се вари кога месото ќе биде до пола варено. Последни се додаваат тиквичките, кои претходно треба да бидат излупени, измиени, исчистени од семки  и исечени на коцки. Кога сите состојки ќе бидат меки, се додаваат оризовите снегулки и кашичката се блендира.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Доење – магија и моќ
Моето дете живее и се храни од моето тело, благодарение на мене. Што е тоа ако не е моќ? Ќе извикувам гордо “Јас дојам” ...
4
Дали Covid-19 се пренесува преку мајчиното...
Доењето е најдобар извор на исхрана за бебиња и ги штити од болести. Но, мајките ќе бидат разбирливо загрижени и ќе се з...
4
Егзема или атопичен дерматит
Егзема или атопичен дерматит е воспаление на кожата предизвикано од комбинација на наследни фактори и одредени надворешн...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?