Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Физикалната терапија е стручна методологија и гранка во медицината која има голема улога во процесот на рехабилитација и лекување кај луѓето.
Најчести проблеми со кои се соочуваат новороденчињата се проблеми со горните, долните ектремитети, скочниот зглоб колковите, 'рбетниот столб, главчето и мускулатурата.
Сите овие состојби кај бебињата и децата се вродени или моментално новонастанати после породување.
Најчесто кога родителите ќе се посомневаат дека нивното дете има проблем или дека нешто му се случило веднаш треба да побараат помош од својот доктор.
Докторот веднаш по прегледот ќе уврди дека бебето или детето треба да биде упатено на физиотерапевт.
Врз увидот на медицинската историја на бебето и детето физиотерапевтот прави преглед па врз прегледот или веќе констатираната дијагноза започнува процес на рехабилитација.
Кај сите настанати и споменати здравствени состојби и проблеми кај бебињата и децата се прави посебен план и протокол за работа.
Физикалната терапија има за цел да ја подобри подвижноста на целиот зглобен систем, додека мануелниот дел со масажата има за цел да ја зацврсти мускулатурата, да ја подобри циркулацијата и да ја зголеми силата на движење кај бебињата и децата.
Во зависност од самата дијагноза се започнува и ординира и лекувањето.
Кај бебиња и деца најчесто се јавува мускулен спазам, најчесто физикалната терапија кај оваа состојба трае од 10 до 12 дена а најмногу до 15 дена.
Кај бебињата и децата кај кој што е констатирана една доста посериозна дијагноза лекувањето и рехабилитацијата траат во еден подолг временски процес од 15 до 21 ден, 6, 12 или 24 месеци.
Секоја рехабилитација е рехабилитација на индивидуален план и секоја рехабилитација зависи од самата дијагноза на бебето или детето.
Кај бебињата и децата со церебрална парализа за жал рехабилитацијата трае доживотно и истата рехабилитација само ги ублажува симптомите на болеста но не ги лекува бидејќи самата прогресија на болеста не дозволува видливи резултати од самото лекување.
Сколиозата, кифозата, лордозата и другите проблеми настанати со мускуло-скелетната состојба се лекуваат, родителите треба да обрнат поголемо внимание кон бебињата и децата и за сите настанати здравствени состојни и проблеми да побараат стручна помош од доктор и физиотерапевт.
Стручна физио препорака, пред легнување навечер правете му релаксирачка масажа на своето бебе без да употребувате голем притисок на сила.
Мануелните покрети да бидат релаксирачки.
Еден од начините кај кои можете да ги забележите настанатите состојби и проблеми со вашето бебе или дете е постојаниот преглед од ортопед и физиотерапевт, а тука исто така од значителна помош е и правењето масажа кај бебето или детето која ја правите навечер пред спиење. Ова може исто така да биде помош која ќе ви помогне да го вклучите алармот за дополнителна посета на лекар или физиотерапевт.
Пишува:
Илија Жежов
Дипломиран физиотерапевт
ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ
8
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?