|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доза лек од природата

www.doktori.mk, 3.9.2013
Природата нуди широк спектар на лековити билки кои имаат благотворни дејства врз човечкиот организам и во превенцијата и лекувањето на многу заболувања. Дел од нивните благодети се опишани тука

image
/11


 

 

Имела за силен имунитет

Во еден литар бело вино се додаваат 20 гр иситнета имела (Viscum album). Потоа шишето добро се затвора и се чува 5 дена на топло место. Се цеди и се пие 3 пати на ден по 50 мл секогаш.

 

Лен и овес при опстипација (запек)

Во еден литар ладна вода се додаваат четири супени лажици мешавина од ленено семе и овес (Avena Sativa), како и пет добро измиени суви сливи. Смесата се остава да врие. Откако ќе зоврие, се готви уште 1-2 мин. Потоа треба да се излади половина час. Се цеди и се пие една шолја наутро на гладно и во текот на денот, половина час пред јадење. Сливите задолжително се јадат.

 

 

Маточина за смирување на нервниот систем

Во 100 мл јака домашна ракија се додава 20 гр иситната маточина (Melissa officinalis). Шишето стои затворено 7 дена, со често протресување. Се филтрира и се пијат 20-30 капки, 3 пати на ден со малку вода.

 

 

Жалфија, коприва и бреза против косопад

Во еден литар врела вода се додават десет супени лажици мешавина од жалфија (Salvia officinalis), коприва (Urtica dioica) и лист од бреза (Betula alba). Добро се промешува, се покрива и се остава околу еден час. Се цеди, по миење на косата се врши испирање со чајот(после него нема плакнење). Најголем дел од резултатите се забележуваат после 2 месеци.

 

 

Жолт кантарион при киселини, гадење, колики, дијареа

Во 200–300 мл врела вода се додава 1 супена лажица од жолтиот кантарион (Hypericum perforatum). Треба да отстои 15-30 минути. Се цеди и се пие во текот на денот.

 

 

Листови на боровинка против шеќерна болест

Во 200 мл вода се додава една супена лажица иситнати суви листови од боровинка (Vaccinium myrtillus L.). Се вари 5 мин. Се трга на страна, садот добро се затвора и се остава да стои 15 мин. Се пијат 2-3 чаши на ден, наутро и навечер пред јадење.

 

 

Бел бор за болни од бронхитис

100 гр пупки од бел бор (Pinus sylvestris) се попаруваат со 500 мл врела вода. Садот добро се затвора и се остава да стои еден час. Се цеди и се меша со 1 кг мед. Од оваа смеса се зема 4-5 лажици дневно.

 

 

Љубичица против надуеност и гасови

Во 2,5 дл млеко се додаваат 10 гр суви или 50 гр свежи листови на љубичица (Viola) и една лажица мед. Се вари 5 мин. Садот се затвора и се остава да стои 15 мин. Се пие на секој час по една голема лажица во наредните 4 - 6 недели.

 

 

Крин за кожни промени и рани

Во едно литарско шише се става бел крин (Lilium candidum), се прелива со ракија и се остава 10 дена на топло место. Нежно притискајте ги местата каде што чувствувате болка и масирајте ги.

 

doktori.mk.logo

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Госпоѓо, има лемур на главата на беб...
Енџи остана вчудоневидена кога го виде лемурот на главата на нејзиното бебе старо само 9 недели! Лемурот се сместил во с...
5
Сакате да знаете што сонуваат бебињата?
Сигурно сте се запрашале, гледајќи го бебето како спие, што се мота по тоа слатко главче. Не сте осамени во таквите разм...
4
Андреј од ДНК стана татко!
Андреј од ДНК доби ќерка. Среќната вест на својот профил на „Фејсбук“ ја објави неговиот близок пријател и колега, Влади...
4
Задолжителни работи за бебиња
Подготвени за доаѓањето на најмалото срце во домот? Дојдено е време за најубавата животна улога – родителството. Но, со ...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?