vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На 18.12.2014 година, на Клиниката за детски болести во Скопје, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат NEUROWERK EEG 36.
Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.
„Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно“. – истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком – г. Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
„Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.“ – истакна доц. д-р Софијанова и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта и поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Медицинскиот апарат Neurowerk EEG е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и мониторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести во Скопје.
Во рамките на оваа пригода г. Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски Телеком ги посети сите деца од Клиниката за детски болести и во духот на новогодишната атмосфера им подари новогодишни подароци.
Македонски Телеком
Комуникации
02/ 3242 – 506
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...