Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Пременопаузалните жени со фамилијарна историја на рак на дојка имаат 59 % помал ризик да заболат од рак на дојка, ако тие ги доеле своите бебиња. Ова се резултатите од најновата студија на научниците од „Harvard University“ и Brigham and Women's Hospital“, кои биле објавени во Архивата на интерната медицина ( Archives of Internal Medicine).
Истражувачите, на чело со Dr. Alison M. Stuebe, ги проучиле медицинските истории на повеќе од 60.000 бремени жени.
Научниците прво ги интервјуирале жените во 1997 година, а потоа ги следеле сè до 2005 година, кога биле дијагностицирани преку 600 случаи на рак на дојка, меѓу жените кои биле вклучени и следени во студијата.
Меѓу жените, чии мајка или сестра имале рак на дојка, оние кои доеле, дури и само еден месец, имале 59 % помал ризик од рак на дојка, во споредба со жените, кои никогаш не ги доеле своите деца. Жените без фамилијарна историја на рак на дојка, не ја покажале истата поврзаност помеѓу ракот на дојка и доењето.
Оваа студија била предводена од Dr. Alison M. Stuebe, која сега е на Универзитетот во Северна Каролина (University of North Carolina).
Сеуште не е сосема разјаснето како доењето може да го намали ризикот од рак на дојка. Но, авторите сугерираат дека тоа може да е поврзано со на воспалението и другите промени во ткивото на дојките, кои се јавуваат после породувањето, ако жените не ги дојат своите деца.
Доењето и постепеното откажување од доењето, ги спречува ваквите промени во ткивото на дојките, велат научниците, како и лековите кои се земаат за прекин на лактацијата. Ракот на дојката бил поредок кај жените кои никогаш не доеле и земале лекови за прекин на лактацијата, отколку кај жените кои не доеле, но не користеле лекови за прекин на лактацијата.
Оваа обсервирачка студија не може да докаже дека доењето го намалува ризикот за рак на дојка, бидејќи може да постојат и други фактори кај жените кои доеле, кои исто така, може да бидат причина за овие разлики во ризикот межу жените кои доеле и оние кои не доеле. А бидејќи истражување било спроведено меѓу медицински сестри, од кои 90% биле белкињи, овие наоди може да не се однесуваат и за жените од другите раси или професии.
Но, бидејќи доењето дава и други здравствени бенефиции и за мајката и детето, авторите го препорачуваат, особено за жените со поголем ризик за рак на дојка.
„Овие податоци укажуваат на тоа дека жените со фамилијарна историја на рак на дојка треба да се поттикнуваат да ги дојат своите бебиња“, заклучуваат научниците.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Во светот на модата постојат трендови кои доаѓаат и исчезнуваат со брз...
Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип
Кожата на бебињата е тенка, чувствителна и далеку помалку отпорна од к...
Влијание на тироидната жлезда врз породувањето
Тироидната жлезда е мала, но има огромно влијание врз целото тело, осо...
Трудна сум. Како да се соочам со таа нова реалност?
Постојат моменти во животот што го менуваат целиот наш свет за една се...
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ни...