|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доење – магија и моќ

Jasmina Katinski, 9.5.2014
Моето дете живее и се храни од моето тело, благодарение на мене. Што е тоа ако не е моќ? Ќе извикувам гордо “Јас дојам” и тоа како! И сто пати ако треба!

image
/11


 

Сите сме чуле за радоста и убавината на доењето. Врската која во таа прилика се гради меѓу мајката и детето  е единствена. Додека бев бремена, цврсто одлучив дека сакам да дојам. Не се двоумев, не се плашев за да може нешто да ме спречи во одлуката. Дури, се сеќавам, се чудев зошто се крева толкава прашина околу тоа – снимки, совети, групи за помош и поддршка на доењето...Цела наука! Читав за правилните положби, опасностите од компликациите и начините како тие да се спречат. Бев информирана. Знаев дека можат да ми се појават рагади, маститис и добро се упатив во терминологијата и значењето на сите можни поими. Читав за пумпиците, лошите и добрите искуства на жените, за исхраната, ама за се. И секаде се провлекуваше таа позната реченица  “повторувајте си себеси дека имате млеко”.

 

3

 

И се породив. Бидна и првиот подој. Во породилното одделение, се разбира – помош ни за лек. Се потсетив на сите on-line часови за доење и немавме проблеми. Ја најдовме вистинската положба и воспоставивме убава “конекција”. Но кога дојдовме дома, далеку од тоа дека се одеше според планот. Проблемот беше во тоа што бебето  беше само на цицање. Што јас во градите не чувствував ништо. Ама какво надоаѓање на млекото, какви бујни гради, ништо! Додадете ја на сето тоа неспиеноста и стравот дека бебето е гладно и ете ви рецепт за прекин на доењето.

Во почетокот малку си потпомогнавме со дохрана, според советот на патронажната сестра. Денес знам дека и тоа беше погрешно. Денес, да можам да го вратам времето, единствено тоа ќе го направам поинаку. Не би го дохранувала бебето, туку удобно би залегнала и би уживала со своето бебе, додека тоа ми прави млеко во градите, бидејќи млекото се создава со постојано цицање. Го фрлив шишенцето и успеавме да воспоставиме доење така како што треба.

Нема многу да ви пишувам за конкретните маки низ кои поминував. Нив ги знае секоја мајка, која некогаш помислила дека нема млеко за своето бебе. Всушност тоа и не е целта на оваа приказна. Целта на оваа приказна е да им порача на идните мајки – тешко е. Многу е тешко, напорно и никој не може доволно да ве подготви на стравовите, недоумиците и тешкотиите со кои се соочувате на почетокот. Но доколку останете упорни и истраете, ве чека нешто најубаво на светот. Живеете за моментите кои се само ваши и на бебето, за сознанието дека му давате нешто најдобро од себе, нешто што е најприродно и најприкладно за неговиот развој.

 

2

 

Мислам дека е многу важно да се истакнува важноста на доењето, неговите предности и на сите можни начини да се охрабрува мајката во тој чин. Поддршката е се. Тоа е оној клик кој одлучува дали ќе престанете или ќе продолжите со доење, без оглед на маките. Поддршката е многу важна! Од друга страна, често се потсетувам себеси дека сите мајки не донесле одлука да дојат. Тие можат да се чувствуваат лошо, многу лошо заради ваквите изјави и бескомпромисното инсистирање на доење. Тоа не е и не треба да биде некому цел. Не треба да се осудува и напаѓа дохранувањето на бебето туку да се биде благодарен: токму таа храна спасила и нахранила многу мали животи. Треба само малку повеќе да ги едуцирате жените и опкружувањето, за дохраната да не биде прв избор. Мајките треба да имаат право на избор.

Зошто толку го поддржувам доењето? Пред бременоста и мајчинството не ми беа јасни сите тие жени кои се гордееја со фактот дека дојат. Гооолема работа! И зошто тоа да им се наметнува на другите? Зошто да се фалите со нешто толку природно? А потоа дојде нашиот момент...

Магичен! Не можам да го опишам тоа со други зборови, освен како магија. Моето дете живее и се храни од моето тело, благодарение на мене. Што е тоа ако не е моќ? Јас сум се што му е потребно, единствена храна и живот. Затоа, пред  да осудите мајка која со гордост вика: “Јас дојам!” застанете. Доењето е одговорност, грижа и нега. Тоа е сознание дека на своето бебе сте му потребни постојано, секој ден и секоја ноќ. Само вие. Да не можете никаде да отидете, ништо друго да направите, бидејќи вашето мало дете не може без вас ниту еден час. Ќе извикувам гордо “Јас дојам” и тоа како! И сто пати ако треба!

 

1

 

Со оваа приказна сакав да им порачам на мајките дека, колку и да е тешко, доењето е една преубава и магична работа. Дека е вредно за секој труд, секоја мака и секоја солза. Дека треба да се издржи и вреди да се истрае.

Исто така не е крај на светот ако не успеете. Најважна и најдобра храна за нашите деца е љубовта. Од неа најдобро се расте.

 

Извор: Carapice

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Водич за заздравување по царски рез
Од суштинско значење е да разберете како вашето тело се лекува од оваа операција за да можете најдобро да се грижите за ...
18
Целосно повивање на бебиња - да или не?
Традиционалното целосно повивање на бебињата повторно се враќа како тренд меѓу младите мајки, но експертите нагласуваат ...
4
Тато има обврска за правење на дете, a јас?
На сите жени кои раѓале деца низ главите им проаѓаат исти или слични мисли, а една мајка одлучила храбро да напише стату...
4
Алкохол во умерени количини, корисен за же...
Според научниците, конзумирањето на по еден пијалок на ден е корисно за срцето и здравјето на жената.
4




Анкета

.
Jana9

Dali odite na fudbalski natprevari?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!