|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доаѓа зима! Зајакнете го Вашиот имунитет

www.zazdravje.com.mk, 6.12.2012
Подобрувањето и оддржувањето на имунитетот е главна тема на дискусија помеѓу светските медицински експерти. Нутриционистите сугерираат дека лошата исхрана е главниот причинител поради кој ние стануваме подложни на сезонските настинки
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Нема начин за целосна заштита од сезонската настинка или грипот, но добрата исхрана може да ви помогне да ги избегнете овие непријатни состојби. Еве некои најприменувани совети за Вашата исхрана  од нутриционистите за да останете здрави овој период.

 

 

Витамин Ц

 

Витаминот Ц е на првото место. За него се спроведени најмногу истражувања во врска со неговото дејство од било кој друг нутритиент. Витаминот Ц може да се најде во многу овошја и зеленчуци. За разлика од животните кои сами го произведуваат овој витамин, човечкото тело воопшто не го синтетизира и мора да го внесува. Има посебни антивирални и антибактериски бенефиции кои  штитат од болести. Овошја најбогати со овој витамин се гуава, папаја, јагоди, киви, портокал и цитрон.

 

 

Пробиотици

 

Живите состојки што се наоѓаат во јогуртот, посебно лактобацилусот и бифидобактеријата, можат да бидат од голема помош за имунитетот. Овие две состојки можат да помогнат во репродукцијата на белите крвни зрнца и нивната активност како и да го подобрат имунитетот кога тој се наоѓа под третман со антибиотици. 

 

Како што е видливо од едно неодамнешно шведско истражување, луѓето кои барем еднаш дневно внесувале лактобацилус реутери (специфичен пробиотик кој ги стимулира белите крвни зрнца), зеле за 33% помалку денови боледување од работа, за разлика од луѓето кои не го правеле тоа. Храна богата со пробиотици е јогуртот, кефирот, одбрани сирења и млека и др.

 

 

Печурки

 

Печурките се богати со антиоксиданти и селен. Докажано е дека селенот го намалува ризикот од развивање на тежок грип, додека печурките се познати по нивните антивирални, антибактериски и анти-тумор ефекти. Белите печурки особено имаат поголем ефект на имуниот систем од другите печурки, како што е на пример видот шитаке.

 

Микро влакна

 

Мешунките и житото содржат бета глутен, вид на фиброзно влакно со антимикробски и антиоксидантни дејства. Овие влакна ја зголемуваат отпорноста на организмот од различни фунгални, бактериски и вирусни болести. Бета глутенот е исто така присутен и во шитаке и маитаке видовите на печурки. Го подобрува имунитетот, слично на ехинацеата и коренот од астрагалус. Бета глутенот се лепи за макрофагите  и за белите крвни зрнца и се покренува анти-инфективна активност со тоа што го зголемува бројот на слободните радикали.

 

 

Витамин Е

 

Витаминот Е е познат по неговата способност како природен убиец заедно со Б клетките, клетки кои произведуваат антитела кои ги уништуваат бактериите. Овој витамин може да се најде во зеленолистестиот зеленчук, сончогледот, разните семиња, бадемите и боровинките.

 

 

Моркови и благ компир

 

Антиоксидантот бета каротен го зголемува бројот на Т клетките во нашиот имун систем. Се работи за моќен антиоксидант кој буквално ги збришува радикалите кои го забрзуваат дејството на болеста.

 

 

Цинк

 

Цинкот е минерал кој го зголемува бројот на бели крвни зрнца. Имајте на ум дека секогаш треба да гледате повеќе да внесувате храна богата со цинк, отколку да го внесувате цинкот како суплемент. Доволни би биле и 15 до 25 милиграми цинк дневно за да го поддржите вашиот имун систем во борбата со болестите. Гравот, бифтекот, школките и ракчињата се богати со цинк.

 

Лук

 

Лукот има антибактериско, антифугално и антивирално дејство и делува заштитнички на имуниот систем. Го зголемува репродуцирањето на белите крвни зрнца и ја зголемува заштитата од штетниците кои пробуваат да го загрозат имуниот систем. Лукот е богат со овие состојки најверојатно поради присуството на честички со сулфур во него. Лукот исто така е антиоксидант кој го намалува градењето на радикали во крвотокот.

 

 

Омега 3 масни киселини

 

Овие киселини ја намалуваат можноста од разни воспаленија, го зголемуваат протокот на кислород во телото и ги штитат белите дробови од настинки и респираторни инфекции. Омега 3 масните киселини кои можат да се најдат во туната, лососот, сардините и харингата. Дејствуваат како подобрувачи на имуниот систем со што ја зголемуваат активноста на фагоцитите - белите крвни зрнца кои ги уништуваат бактериите. Со овие киселини исто така се богати тофуто и лешниците.

 

 

Чај

 

Аминокиселината која е одговорна за зголемување на имунитетот а се наоѓа во чајот е Л-теинот. Се наоѓа и во црниот и во зелениот чај. Многумина веќе знаат дека пиењето на зелен чај е корисно во борбата со болестите, но последните истражувања велат дека и белиот чај помага поради неговата висока способност да ги уништи организмите кои можат да предизвикаат болест.

Не само што треба да го зголемите внесувањето на некои состојки како горенаведените за да останете здрави низ периодот на болести и настинки, туку има и одредени нешта кои треба да ги избегнувате колку што можете.

 

 

Шеќер

 

Пиењето или јадењето големи количини на преработен шеќер може да ја намали активноста на белите крвни зрнца. Дејството на шеќерот започнува веднаш по неговата преработка во организмот и може да се засили во текот на денот. Преголемиот внес на шеќер може да ја намали реакцијата на Вашиот имун систем и да ја намали заштитата.

 

 

Алкохол

 

Преголемиот внес на алкохол во организмот му штети на имуниот систем. Преработката на алкохолот во организмот доведува до намалување на протективните нутриенти и го остава телото ранливо на штетници. Големите дози на алкохол ги оневозможуваат белите крвни зрнца да се размножуваат и ја намалуваат нивната активност како природни убијци на штетниците. Штетата нанесена на имунитетот е правопропорционална со внесената доза на алкохол.

 

Преработена храна

 

Храната која содржи синтетички бои, вештачки засладувачи и други штетни состојки го ослабнува Вашиот имунитет и може да биде главен фактор во зголемувањето на приемчивоста на Вашето тело кон настинката и разните вируси. За да го оддржите Вашиот имунитет во најдобра состојба, најважно е да одбегнувате храна приготвувана во масло на висока температура.

 

 

Зголемување на телесната тежина

 

Прекумерната телесна тежина и тоа само од 5 килограми повеќе, може да го намали имунитетот. Се намалува дејството на белите крвни зрнца, но и се намалува брзината на размножување на истите. Како што зголемувањето на вносот на масти и калории го ослабува имунитетот, најдобро е да ја прилагодите исхраната на помали дози во текот на денот без да се прејадувате.

 

Да останете здрави во ова време од годината кое е како створено за настинки и грип, треба да имате исхрана богата со разно овошје и зеленчук. Оваа исхрана ќе ве направи сигурни дека во себе на дневна база сте внеле разни состојки кои можат да ви помогнат на вас, а особено на Вашиот имунитет.

 

Ставете акцент и на исхраната без пестициди. Пестицидите и храната која е прскана против штетници има состојки кои најмногу му штетат на организамот при дигестијата. По можност, пијте филтрирана вода за да ги одбегнете истите фактори кои делуваат супресивно на имунитетот и се наоѓаат во водата од чешма.

 

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?