Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Прв месец
- Оплодената јајце клетка се вгнездува на ѕидот на материцата. Некои од клетките ќе го формираат плодот, а некои плацентата.
- Се формира почетокот на рацете и нозете.
- Се формира мозокот и рбетниот мозок.
- Почнува развојот на срцето и белите дробови. На крајот на овој месец срцето почнува да чука.
Втор месец
- Се формираат очните капаци но остануваат затворени.
- Почнува развојот на внатрешното уво.
- Почнуваат да се формираат коските.
- Се формираат зглобови и прсти на рацете и нозете.
- Се развиваат гениталиите.
- На крајот од овој месец најважните органи и телесни системи се формирани.
Трет месец
- Се појавуваат 20 пупки на местото каде што ќе се наоѓаат забите.
- Прстите на рацете и нозете продолуваат да разстат. Се формираат дури и меки нокти.
- Растат мускули
- Се формираат цревата.
- Кичмениот столб е мек и се витка.
- Кожата е проѕирна.
- Во овој период рацете се подолги и поразвиени од нозете.
Четврт месец
- Се формираат клепки
- Рацете и нозете можат да се виткаат.
- Видливи се половите органи.
- Кожата е набрана и телото е прекриено со восочна обвивка и мали вланкенца.
- Се развива надворешното уво.
- Плацентата е формирана во потполност.
- Фетусот може да голта и слуша звуци.
- Формиран е вратот.
- Бубрезите почнуваат да работат се произведува урина.
Петти месец
- Се развива рефлексот за цицање. Доколку рацете се најдат во близина на устата, фетусот ќе го цица палецот.
- Фетусот е активен. Во овој момент веќе гичувствувате неговите движења.
- Фетусот редовно спие и има периоди на будност.
- Ноктите се израснати на површина на прстите.
- Жолчната кеса почнува да призведува материја која е неопдодна за варење на хранливите материи.
- Кај девојчињата се формираат јајце клетки во јајниците.
- Кај момчињата почнуваат да се спуштаат тестисите.
Шести месец
- Расте коса.
- Мозокот се развива забрзано.
- Бебето ги отвора очите.
- Белите дробови се развиени во потполност, но се уште се нефункционални.
Седми месец
- Фините вланкенца кои ја прекриваа кожата на бебето се губат.
- Бебето клоца и се тегне.
- Прави изненадни движења и реагира на звук.
Осми месец
- Бидејќи е завршено формирањето на органите, бебето почнува да добива на тежина.
- Коските стануваат се поцврсѕи, но черепот останува мек и флексибилен за да се олесни породувањето.
- Бебето сега може да почувствува горчлив и сладок вкус.
- Бебето ика.
Деветти месец
- Бебето се завртува со главата надолу за да биде подготвено за раѓање.
- Кожата е се помалку набрана.
- Белите дробови се подготвени самостојно да функционираат.
- Се развива образецот спиење – будност – спиење.
- Бебето добива на тежина повеќе од двеста грама неделно.
9
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кофеинот може да се консумира во бременост, но во ограничени количини....
Кога е време да побарате помош ако бременоста не доаѓа?
Обидите за зачнување понекогаш траат подолго отколку што очекуваме. То...
Каде се се крие кофеинот освен во кафето?
Кога ќе помислиме на кофеин, првата асоцијација обично е кафето. Но, к...
Како да воспоставите здрав сон кај бебето?
Здравиот сон кај бебето не значи дека мора да спие цела ноќ без будење...
Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодни...