vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Како што веќе споменавме на 23 Август, во Охрид за прв пат ќе се одржи Интернационалниот музички фестивал за деца „Чунга Лунга“, како дел од фестивалот Охридски трубадури. Локацијата на одржување е Долни Сарај. Фестивалот започнува во 20:30 часот со свечено отворање, а потоа со настап на дечињата учесници од повеќе земји (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.
По покана на организаторите на фестивалот, а по барање на детската публика, ќе се појават повеќе гости меѓу кои, Ања Ветерова која со својата „Магична песна“ стана македонскиот претставник на Детскиот Евросонг во изминатата 2010 година во Минск, Белорусија. Потоа на сцената ќе се појави и Влатко Лозаноски кој со својата последна песна „Кога мене ќе ме немаш“ и видео приказната за истата е актуелен во моментов. Покрај Ања и Влатко на Чунга Лунга стејџот ќе се појави и првиот македонски ИДОЛ Иван Раденов, кој во моментов работи на својот прв албум.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а победникот ќе го избере музичко жири составено од 12 члена. Во делот на музичкото жири исто така имаме неколку специјални гости, а ќе ви го откриеме само минатогодишниот евровизиски претставник Ѓоко Танески.
Традиционално овој детски фестивал секоја година се одржува во Штип, но сега за прв пат ќе биде дел од фестивалот за забавни песни „Охридски трубадури“.
Само како повторување, музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ оваа година ќе се одржи во пет фестивалски дена. Ќе започне на 23 август со детскиот фестивал Чунга Лунга, а ќе заврши на 27 август со интернационалната вечер за странските учесници.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...