Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Компаниите преку вложувањето во општествената одговорност ја градат и сопствената конкурентност и способност да одговорат на барањата на напредните пазари
Министерството за економија заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата по шестти пат ги додели наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија. „Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата (ООП)“ за прв пат се додели во 2008 година, за практиките на компаниите во 2007 година, а годинава награди добија практиките спроведени во 2012 година.
Според Координативното тело за ООП, годинава има најмногу пријавени проекти (66) како и најголем број компании учесници во последните пет години (43 компании). Една третина од пријавените компании аплициираат за првпат, што е доказ дека наградата ја постигна целта - да се прошири кругот на деловни субјекти кои настојуваат да работат одговорно кон животната средина и социјалното опкружување. Околу 70% од апликациите компаниите ги имаат поднесено во партнерство со здруженија на граѓани, установи или државни органи, што укажува на тоа дека компаниите развиваат системски пристап кон општествената одговорност.
„Освен тоа што квантитативно расте бројот на компаниите за овие награди, драго ми е што исто така расте и квалитетот на практиките. Секоја година добиваме сè пософистицирани апликации што опишуваат практики кои постепено стануваат долгорочни за работењето на компанијата, како и практики со кои се гради партнерство со граѓанскиот и со јавниот сектор со цел заштита на животната средина и обезбедување подобри услови за живот во општеството. Има голем број компании кои вложуваат значителни суми во општествено одговорните практики. Она што е интересно е што оваа иницијатива за наградување на општествено одговорните компании е поддржана од Европската унија (ЕУ), токму од причина што ЕУ има намера во иднина општествената одговорност да биде предуслов за настап на компаниите на нејзиниот пазар“, вели Александар Николов, претседател на Координативното тело за ООП, и додава дека македонските компании преку вложувањето во општествената одговорност ја градат и сопствената конкурентност и способност да одговорат на барањата на напредните пазари.
За првпат наградата ги надмина националните рамки и стана дел од иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата“. Со учеството во оваа иницијатива, којашто во Македонија ја спроведува Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит, дел од достигнувањата и најдобрите практики на нашите претпријатија во оваа област ќе бидат претставени пред широката европска јавност. Оваа можност ќе ја имаат компаниите Раде Кончар - Сервис и Млекара АД Битола. Истите ќе бидат претставени на европска церемонија на 25 јуни во Брисел, што ќе придонесе за натамошно промовирање на домашните претпријатија на пазарот на ЕУ како најголем трговски партнер на Македонија.
Раде Кончар – Сервис со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи создаде Регионален Еколошки Центар за отстранување на штетни состојки во трансформаторското масло, прв на Балканот, со што придонесоа за остварување на обврските од Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи и соодветниот Национален имплементациски план.
Млекара АД Битола со Дану Филантропија ЈИЕ Скопје, реализираа едукативни и активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки со што беа опфатени 10.000 деца. Овие деца изработија уникатни подароци за децата згрижени во над 20 здравствени установи и установи за деца без родители.
Компаниите конкурираа во пет категории, при што останатите наградени практики се на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во категоријата Однос кон вработените, Раде Кончар ТЕП во категоријата Етичко управување, КБ Прво пензиско друштво и Цементарница Усје во категоријата Односи на пазарот, Македонијатурист во категоријата Однос кон животната средина, КА-ДИС во категоријата Вложување во заедницата.
Покрај нив, уште 18 други практики станаа добитници на плакети за успешно спроведени проекти. Во категоријата Однос кон вработените, награди добија и компаниите Фармахем и Макпрогрес Виница. Во категоријата Етичко управуање награди добија НЛБ Нов пензиски фонд и Фени индустри, додека во категоријата Односи на пазарот награди добија и компаниите Дониа од Прилеп, Провавил од Скопје и ЕВН Македонија. Во категоријата Однос кон животната средина, покрај Македонијатурист, награди добија и компаниите Раде Кончар - Сервис, Пакомак, Адора инженеринг, Европа и Цементарница Усје. Во категоријата Вложување во заедниацта, покрај КА-ДИС, наградени се и компаниите Дониа, ПЗУ Ремедика, ПЗУ Филип Втори, како и компаниите од групата големи претпријатија - Млекара Битола, Алкалоид, Вип оператор, Макстил АД, Тинекс и Фени индустри.
Наградените се избрани од страна на стручни жири-комисии составени од претставници на јавниот и на граѓанскиот сектор.Целта на наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување и да инспирира за воведување и понатамошно унапредување на општествена одговорност кај претпријатијата во Македонија.
Низ годините македонските претпријатија пријавија над 350 добри практики со кои ја демонстрираа својата одговорност кон животната средина и кон општеството.
Извор: Капитал
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......