vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еден сиромав човек го колнел и го карал к'сметот оти не му работи за да се обогати. Му се здодеало на к'сметот и му дошол на сон, та му рекол да појди во некој град и таму да си го најде к'сметот, во една шуплива цреша. Гледајќи го тоа на сон, станал сиромавиот едно утро и отишол во едно гратче, близу до градот негов. Шетајќи низ чаршија, видел пред една бакалница една шуплива цреша фрлена на земја, се наведнал и ја зел. Гледајќи го бакалот го викнал в дуќан и го прашал што најде.
- Дојди ваму бре пријателе и кажи ми што најде пред дуќанот? - му рекол бакалот.
Кога ги чул тие зборови сиромавиот, многу беше се усрамил и за да се отстрами му кажал зошто дошол во тој град.
- Ту бре - му рекол бакало - по сонови си кинисал да одиш по градовите, да го бараш к'сметот во една цреша шуплива и да се срамиш. Мене ми иди на сон и ми се кажува едно азно во едно огниште што било во една куќа наспроти една фурна и до една чешма, што имало до куќата до десната страна и пак не одам да го барам, а ти си тргнал да бараш цреша шуплива, еве ти ја црешата шуплива, ја најде и наместо к'сметот ти го најдец срамот, да се срамиш од мене. Стани ми пријателе и оди си од кај што си дошол и работи си, па к'сметот сам ќе ти дојди дома.
Откога ги слушнал тие зборови, сиромавиот се усрамил и си отишол дома.
Седејќи си сиромавиот до огниште, му дојде на ум за сонот од бакалот што му се кажувало азно во едно огниште, во една куќа што била наспроти една фурна и една чешма.
- Ја мајката, куќава моја е спроти фурна и до чешма, ја чекај да ја поткренам плочава од огништево и така не е тука жена ми, да не е овде азното што го сонувал бакалот.
Станал и ја откорнал плочата од огништето. Кога гледа - еден казан алтани. Тогаш му поверувал на својот сон оти к'сметот му бил во една шуплива цреша.
Кога дава Господ, не прашува, а и кога зема исто не прашува.
Адаптирал: Барбара Синадиноска
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?