namesp во 10:12
Броењето овци навистина помага?!
Редакција Рингераја, 3.5.2012
Значи, иако сите ние спиеме секоја ноќ, не може точно да се каже како тоа го постигнуваме.
Дури и невролозите се мачат да ги разберат механизмите кои ги користи мозокот за да се префрли од состојба на будност во состојба на несвесен сон. Некои истражувања покажуваат дека преминот е многу побурен отколку, да речеме, палење и гаснење на светло.
Според најновото истражување на невролозите на Универзитетот во Вашингтон Сент Луис, во тек на фазите пред паѓање во сон – периодот во кој се наоѓате во кревет со изгаснато светло, затворени очи, додека полека ги “отпуштате” сите ситуации преживеани во текот на денот – Вашите мозочни бранови вршат т.н. алфа активност, која во главно е поврзана со тивка будност.
Тогаш, во некој клучен момент, влегувате во преодната фаза на сонот, позната како 1.фаза. Мозочните бранови се намалуваат и преминуваат во облик познат како тета активност, но и понатаму се испресечени со кратките налети на алфа активности. Тие налети Ви даваат чувство дека сте се уште будни, но кога ќе се разбудите, не се сеќавате на тој дел од потонувањето во сон.
Замислете ситуација кога ќе задремете додека гледате филм: се сеќавате на делови од сцените извесно време пред потполно да одлутате во сон. Тие делови – фатени во тек на кратките налети на алфа активностите – Ви даваат чувство дека сте будни, иако длабоко сте загазиле на патот кон сонот.
Потоа Вашиот мозок преминува во 2.фаза, почеток на вистинскиот не-REM сон, време кога тие налети на алфа активности ќе замрат. Сите невролози се согласуваат дека таа фаза е веќе спиење, иако Вие за тоа можеби сеуште не сте свесни.
По оваа фаза влегуваме во фаза на сон со бавни бранови (познат и како длабок сон, делта активност или фаза 3. и 4.) и на крајот доаѓаме до REM фаза – кога сонуваме.
Иако 1. и 2. фаза се тешки за перцепција, 90% од луѓето признаваат дека дефинитивно заспале по влегувањето во 3. и 4. фаза. Тоа значи дека транзицијата завршила. Од таа фаза па се до конечното разбудување наутро, ноќта ја поминуваме помеѓу не-REM фаза, 2. 3. и 4. фаза и REM-сон.
Започнувањето на процесот на спиење може да го поремети било кој вид на надворешно влијание: “За повеќето луѓе важи правилото – што повеќе се трудат да заспијат, помалку ќе успеат во тоа” – кажува Кембел. “Драматичен пример за тоа е несоницата, популарно наречена имсомниа (SOI). Луѓето кои страдаат од инсомниа се толку загрижени заради последиците од неспиењето, што остануваат будни и по цела ноќ, бидејќи се опседнати со тоа што не можат да заспијат”.
Секако, не не' држи будни само размислувањето за тоа дека е време за спиење, опседнатост од било кој вид може да претставува проблем. “Затоа броењето овци, или размислувањето за било што со минимална емотивна содржина е добар начин да го започнеме процесот на спиење”.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Недоносени бебиња се сметаат оние кои се родени пред 37 недела. Поради поминат краток период во стомакот на мајката, им ...

Благодарение на многу повисоката концентрација на есенцијални масни киселини во мајчиното млеко, отколку во адаптираните...

ГМО храната е поубава, потркалезна, посјајна, со изедначена големина и боја, без оштетувања, без ни малку расипани места...
