Дисменореа (болна менструација) се јавува кај повеќе од 50% од жените.Се дели на примарна, секундарна и т.н.dysmenorrhoea membranacea
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
1. Примарата дисменореа е без органски причини - без никакви заболувања.
2. Секундарната дисменореа е последица на болести и органски пореметувања (ендометриоза, аденомиоза, хронични воспаленија во мала карлица, стеснувања на грло на матка, цервикални полипи или миоми, аномалии во градбата на матката или во нејзината положба).
3. Dysmenorrhoea membranacea е пореметување на лупењето и исфралњето на слузницата на матката
(ендометриумот) во еден акт, при недоволно отворено устие на грлото на матката, што предизвикува грчевити и болни контракции на матката. Слични болни контракции може да предизвика и спирала(IUD).
Порано дисменореата се сметала за психоорганска болест. Денес се смета дека дисменореата е последица на зголемена продукција на простагландини, особено во секреторната (лутеинска) фаза на менструален циклус. Зголемената концентрација на простагландини предизвикува напнатост во матката, недоволна прокрвеност и засилени контракции на матка. Психичката состојба на женaта може значително да влијае на силината на тегобите.
Дисменореата по правило се јавува до две години после првата менструација. Болките кај примарната дисменореа обично почнуваат неколку часа пред почеток на менструацијата и траат од 42 до 72 часа. Болката е најинтензивн над пубичната коска или во лумбалниот дел на кичма и се шири накај внатрешната страна на натколеници. Со ова болка често се јавуваб мачнина, повраќање, пролив и поретко несвестица.
Болката е во вид на грчеви. За разлика од другите видови на абдоминална болка, дисменореичната се смалува при движење, масажа или притисок. Ако се направи вагинален преглед при дисменореични болки се наидува на изразена болност на матка, а безболност на јајници и грло на матка. Нема болна осетливост при палпација на абдомен ниту дефанс на зидот на абдомен. Ултразвучниот наод како и евентуалниот лапароскопски наод се нормални.
Терапија
- нестероидните антиинфламаторни лекови се лек на избор во лечење на дисменореата. Тие ја инхибираат синтезата на простагландини, а со тоа ги спречуваат контракциите на матката па се намалува и болката.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
8
Изненадувања од Лино: Собери ги сите 5 Лин...
Магичниот Лино свет на игри, дружење и добра забава сега станува уште позабавен! Покрај тоа што се фини и вкусни, Lino C...
6
Кикинда Ричи – Играта на Анакин и Нолан не...
Мал милион прашалници како огромен облак секојдневно надвиснуваат над мајките, правејќи стрес и уште поголеми прашања. Е...
5
Дали педијатрите паничат како нас?
Кога нашето дете ќе се разболи, природно е да паничиме, дури и за најмала температура или кашлица.
3