vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Боите на есента
Есен е. Ни доцна, ни рана.
Сал што не паднала првата слана.
По гранките на дрвјата овошни
се уште плодови висат.
Едни жолти, други црвени,
но сите опојно мирисаат
- Леле, ама си жолта!
едно јаболко на дуњата и рече
- Сигурно си болна,
од гранката чинам ќе паднеш до вечер...
- Јас болна?! - дуњата навредено врати
И потешка и поздрава сум од тебе,
барем десетина пати!
- Поцрвена од мене гледам ти си...
Но бојата не одредува кој колку на дрвото ќе виси!
Една крушка, кантарушка,
наесен што зрее
чу што зборуваат, па почна да се смее...
- Во животот - им рече
ништо вечно не е.
Сал сонцето за сите нас
подеднакво грее!
Но секое годишно време
своја боја си има...
Зелената е на пролетта,
жолтата е на есента
а бело се е, во зима!
Бојата пак на летото
на ниту една друга слична не е...
Речиси не се ни гледа,
а сите топло не грее...
Во тој миг оттука
три дечиња минаа
- Леле - викнаа - колку се зрели!
И сите три ги скинаа.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...