|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Апел за помош на Игнатовски Ѓорѓи

Редакција Рингераја, 22.6.2012
Секој човек заслужува да живее!

image
/11


 

 

Моето име е Игнатовска Милена, ќерка на еден прекрасен човек,на еден прекрасен татко, кој во моментов е во тешка здравствена состојба и итно му е потребна помош.

Имено, борбата на татко ми-Игнатовски Ѓорѓи,  почна уште во 2003 та година, кога прв пат му беше дијагностицирано рак на дебелото црево. На 01.12.2003 му е извршена првата операција. Пост оперативно, немаше никаков предлог за хемотерапија. По само 2 години, во 2005 та повторно се дијагностицирани промени на дебелото црево, по што следуваше и втората операција, со која се отстрани дебелото црево во целост. После оваа операција, тој примаше хемотерапија, која кај нас е на позитивна листа, меѓутоа, не даде никакви позитивни резултати. Во 2008 година, за жал, повторно има нова дијагноза, овој пат, метастаза на црн дроб голема скоро 10 см. Оваа операција ја изведе хирург од Словенија, за кој секако требаа пари од домашниот буџет. Пост оперативно, повторно се ординираше онаа хемотерапија, која и предходно не даде резултат. Како резулатат на сето тоа ПОВТОРНО во 2011 се дијагностицира метастатска промена на црниот дроб, со локализација на вена Кава. Комплицираноста на оваа операција налагаше да таа биде извршена некаде во странство. Oваа операција во Белград на ВМА моравме да си ја платиме повторно сами. Операцијата заврши успешно и предлогот за понатамошното лекување од страна на докторите во Белград,беше комбинација на FOLFOX+AVASTIN. Овие лекови кај нас не се на позитивна листа. Ние немавме сили финансиски да ги набавиме, па продолживме кај нас на онколкогија со XELODA. Само по 11 месеци од оваа операција, со јаки дози на нашата хемотерапија, на татко ми му дијагностицираа 3 нови метастази од кои две во паренхимот на црниот дроб  и едната е повторно на вена Кава. Последната, петта по ред операција е извршена на 14.05.2012 повторно со наши средства, повторно во Белград. При оваа операција, двете метастази во паренхимот на црниот дроб се отстранети, меѓутоа онаа на вената не е отстранета во целост. Единствената терапија што може да го спречи растот на оваа метастаза и да ја намали истата, е повторно онаа предлагана 3 пати предходно FOLFOX + AVASTIN. Оваа терапија во дозата која е потребна за лекувањето на татко ми е околу 30 000 евра. Ние, јас и мојата фамилија, до сега ниту еднаш не побаравме помош од никој, меѓутоа, немаме повеќе сили и средства за да ја продолжиме борбата сами. Имаме само надеж дека постојат хумани луѓе кои сакаат и кои можат со своја донација да помогнат да спасиме еден живот. Да спасиме еден прекрасен човек, еден сопруг, еден татко!

Во прилог ви ја испраќам жиро сметката на која можете да донирате,како и комплетно целата медицинска документација од 2003-2012.

Т-Мобиле – 070 / 143 - 144
ВИП - 077 / 143 – 776

 

Жиро сметка: 300027000992592

Партија: 00992540

Комерцијална банка АД Скопје

Цел на дознака: За Игнатовски Ѓорѓи

 

 

Ви благодарам од мое име и од име на моето семејство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со бабини деветини изигруваат доктор Хаус
Вадење шлајм со пердув, црви од уши со цевче, чистење вошки со газија, решавање воспаление на уво со домашно цвеќе, запе...
4
Детски фестивал Чунга Лунга
Ања Ветерова, Иван Раденов и Влатко Лозаноски – И ние растевме со Чунга Лунга!!!
3
Започна ВОЈНАТА на ИНТЕРНЕТ!
Најпознатата хакерска група Anonymous го направија својот најголем хакерски напад до сега!Тие го блокираа сајтот на ФБИ,...
3
Ензими: Мали, но моќни помошници на нашето...
Кога ќе се спомене зборот „ензими“, на многумина тоа им звучи како сложен научен термин од биологија или хемија. Но, вис...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali imate uslovi da vdomite dete?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!