Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергиски реакции кај децата се кравјо млеко, соја, јајца, кикиритки, ореви, лешници, јагоди, чоколадо, риба и останати морски плодови.
Алергијата на храна може да предизвика реакција на органите на варење (пролив, повраќање, омалаксаност), промени на кожата (осип), а многу ретко и тешкотии во дишењето (течење нос, отежнато дишење) Ретки, но и можни се најтешките облици на алергија кои се манифестираат како анафилактичен шок и тие можат да бидат опасни по животот на детето.
Ако новите продукти ги воведувате во исхраната на детето на растојание од три дена, веројатно брзо ќе откриете кои продукти предизвикуваат потешкотии кај вашето дете. Таквите продукти во иднина ќе ги избегнувате и со тоа ќе ги спречите можните проблеми.
Алергиите почесто се јавуваат кај деца чии родители се исто така алергични. Доените деца поретко заболуваат од алергии од другите деца кои се хранети со млечни формули. за спречување на појава на алергии важно е детето да почнете да го прихранувате по петтиот или најдобро по шестиот месец.
Децата често ја надминуваат алергијата на храна (околу 3.година) но понекогаш кај нив се развиваат други облици на алергија (на полен, грињи, животински влакна...), која се манифестира како проблем на дишните патишта.
Грижа за нежна детска кожа
Детската кожа е многу нежна и танка и затоа и е потребна посебна нега. Без оглед на годишното време треба да се погрижите кожата на вашето доенче да биде заштитена од сонце. Соодветен крем за деца, ја штити кожата на Вашето доенче. Освен тоа, во зима ги спречува оштетувањата на кожата кои можат да се појават како последица на ладното време и ветрот.
За кожата да биде како што треба, важна е и употребата на примерен сапун. Користете благи сапуни без додатни мириси, а после капење или туширање детето секогаш намачкајте го со крем.
Децата од 2 до 3 години можат да користат балсам за усни, за да не им испукаат усните како во лето така и во зима. Купете балсам наменет за деца. “Шминкањето” посебно ќе ги воодушеви девојчињата. Балсамот секогаш нека им стои спремен во џепчето. Така ќе бидат горди на својата самостојност и почесто ќе го ставаат на уста. Секогаш проверете дали е добро затворен за да не се разлие во детските алишта.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 7 месеци
Следен период: Возраст 9 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...