namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Развојни фази
Лазење и стоење со Ваша помош
Доенчето не треба да се испушта од поглед, затоа што совладало вртење, тркалање и лазење и може доста добро и брзо да се движи низ просторот. Тоа значи и дека брзо може да западне во проблеми. Затоа вие мора да се погрижите околината да биде доволно сигурна за доенчето да ја истражува без опасност.
Немојте да се грижите ако вашето дете сеуште не лази. Лазењето е многу тешка вештина која бара многу снага, добра координација на движењата и рамнотежа. Можеби во овој период стои и на раце и на нозе или сеуште лази наназад. Треба да знаете дека 10% од децата не ја усвојуваат оваа вештина. Во овој период повеќето доенчиња можат да се подигнат од лежечка во седечка положба. Некои веќе се обидуваат да станат со Ваша помош или веќе можат да стојат држејќи се за нешто (најчесто за намештајот).
Што знам и што можам?
Детето сега веќе го совладало седењето и затоа играњето во оваа положба му е многу интересно. Може да се забавува повеќе време и на тој начин ја вежба концентрацијата. Играњето е многу полесно заради посигурното фаќање на играчките, затоа што сега предметите ги фаќа со палецот и показалецот. Играчките и другите предмети ги префрла од рака во рака, ги врти и внимателно ги посматра. Удира предмет од предмет и ужива во буката која ја прави. Го радува и фрлањето работи на подот, но веднаш потоа ги бара назад.
Острината на видот и длабинскиот вид, кај осуммесечно бебе, се потполно развиени. Тоа сега и во далечина ги препознава лицата на познатите и непознатите луѓе. Добро развиениот длабински вид му помага на бебето прецизно да ги фаќа саканите предмети. Додека го држи предметот, го посматра, го тресе и го префрла од рака во рака. И понатаму го става во уста.
Се почесто фрла играчки и други предмети на подот, не за да ве разлути, туку затоа што така се учи. Сега веќе разбира дека предметот е тука, иако моментално неможе да го види. Тоа му овозможува да ја најде делумно сокриената играчка, а некои деца можат да ги најдат и сокриените играчки. При хранење се обидува да ја фати и држи лажицата, додека пие од шишенце се обидува да го држи со двете раце. Исто така се обидува да ја држи и чашата од која пие. Сака да ги имитира родителите додека плескаат со рацете, кашлаат...
Осуммесечно доенче весело стои со нозете на подлогата, но потребна му е ваша помош, затоа што сеуште не може само да ја носи сопствената тежина. Во стоечка положба ги грчи нозете во колената и изгледа како да потскокнува. Обајцата ќе уживате во играта “коњчиња” – ставете го на вашето колено и играјте како да е тоа коњче и притоа пејте му ја песничката. Детето брзо ќе ви покаже дали сака брз или бавен ритам.
Брборење
Брборењето на осуммесечното бебе станува се’ посложено (употребува се повеќе различни слогови, нпр. ба-ма-та) и неговото брборење се повеќе личи на вистински говор (имитира и интонација) Во првата година од животот освен самогласки се развиваат и согласки П, Б, М, Н, Ј, Т, Д, Г и В. Со брборење се забавува само кога е само, а го користи и за комуникација. Ќе се заврти ако ги викнете на име, ќе престане со моменталните активности и ќе ве погледне. Веќе ги препознава имињата на членовите на семејството (мама, тато). Во осмиот месец го разбира значењето на зборот НЕ и на слогот ПА-ПА.
Страв од одвојување од родителите и страв од непознати лица
Доенчето со најблиските видно се развеселува, и тоа го искажува со мимика и насмевка, исто така со глас и движење.
Обратно, при заминувањето на родителите искажува страв од одвојување од нив(обично плаче). Тој страв е најизразен меѓу десеттиот месец и втората година од животот. Сега веќе покажува страв пред непознати лица и пред луѓе кои ретко ги гледа. Според мислењето на некои стручњаци ова се јавува како резултат на подобриот вид и меморија, затоа што бебињата сега памтат и препознаваат познато лице. Други сметаат дека стравот од непознати луѓе е вроден и дека претставува одбранбен став, затоа што детето поврзува непознато лице со можна опасност. Од што и да е, стравот пред странците е нормален процес во детскиот развој.
Прочитајте уште
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Во овој период
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 7 месеци
Следен период: Возраст 9 месеци
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
Jana9
Dali milenicinjata se vo red da gi cuvame vo soba?
Da (100%)

Ne (0%)

Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!