Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергиски реакции кај децата се кравјо млеко, соја, јајца, кикиритки, ореви, лешници, јагоди, чоколадо, риба и останати морски плодови.
Алергијата на храна може да предизвика реакција на органите на варење (пролив, повраќање, омалаксаност), промени на кожата (осип), а многу ретко и тешкотии во дишењето (течење нос, отежнато дишење) Ретки, но и можни се најтешките облици на алергија кои се манифестираат како анафилактичен шок и тие можат да бидат опасни по животот на детето.
Алергиите почесто се јавуваат кај деца чии родители се исто така алергични. Доените деца поретко заболуваат од алергии од другите деца кои се хранети со млечни формули. Децата често ја надминуваат алергијата на храна (околу 3.година) но понекогаш кај нив се развиваат други облици на алергија (на полен, грињи, животински влакна...), која се манифестира како проблем на дишните патишта.
Заби
Помеѓу 6. и 12. месеци, кога на детето ќе му израсне првиот заб, можете да посетите заболекар кој ќе Ве посоветува во врска со правилната исхрана и хигиена и ќе ве предупреди што не треба да правите.
Ако детето користи шишенце и константно пие од него, наполнете го со вода, а не со сок или млеко, па обидете се да го одвикнете од оваа навика. Најштетно е детето да заспива со шишенце во устата. Освен тоа што може да се засркне, слатката течност полека тече низ цуцлата, завршува во детската уста, се разградува во киселина и предизвикува кариес во раното детство.
Забите почнувате да ги чистите штом ќе пораснат. На почетокот користете мека крпа или газичка која ја натопувате во вода и ја обвиткувате околу прстот, или можете да користите гумен напрсток. Подоцна почнуваме да користиме четкица за заби за бебе, но без забна паста (повеќе за тоа прочитајте во претходните месеци).
Ако сеуште доите, немојте да престанувате заради никнувањето на забите. Ако детето Ве гризне, треба да знаете дека тоа не го прави намерно. Прекинете го доењето, во тој момент и кажете одлучно НЕ. Доенчето од вашиот тон ќе сфати дека тоа што го направило не е добро.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 10 месеци
Следен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?