Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Однос кон врсниците
Детето сака да биде во друштво со најблиските и е весело ако му се придружите во играта. Сеуште не знае да си игра со други деца. Деца со наполнети единаесет месеци можат да си играат едно покрај друго, но секое за себе. Тоа не значи дека не може да дојде до кавга. Детето не разбира дека не може да ја има играчката со која си игра другото дете, бидејќи сеуште не знае да ги дели играчките со друг. Концентрирано е само на себе и на своите желби и потреби. Сеуште не ги разбира чувствата на другите луѓе.
Моторика на рацете
Да видиме што можат малите рачиња. Држењето на лажичката е вистински предизвик, затоа дозволете му да вежба, иако повеќето храна ќе заврши на облеката, намештајот и подот, отколку во устата. Иако ја држи лажицата и другите предмети со двете раце, веќе се покажува доминација на едната рака (обично десната). Со мала помош сега веќе убаво знае да пие од чаша, помага при облекување и знае да мавне за ПА-ПА.
Веќе стојам!
Повеќето деца од 11-12 месеци самостојно стојат неколку секунди, бидејќи сеуште имаат проблеми со рамнотежата. Проодуваат меѓу 12 и 15 месеци, а притоа рацете му се подигнати, заради одржување на рамнотежа. Одење со наизменично движење на рацете и нозете го совладуваат во втората половина на втората година. Како што гледате, нема потреба да се грижите ако Вашето дете сеуште не проодело.
Детето кое се движи покрај потпора има повеќе самодоверба и затоа се осмелува малку да се оддалечи. Со тек на време ќе чекори така што ќе се држи за потпората со една рака, заради рамнотежа. Наеднаш ќе се пушти и ќе ги зачекори своите први чекори самостојно- она кое со нетрпение го очекувавте. Во овој период не мора да се грижите за физичката активност, затоа што толку е воодушевено од самостојното движење што повеќе време ќе поминува во движење. Сепак, секој ден потрудете се, ако временските услови дозволуваат, да пронајдете време за различни активности на свеж воздух. Може да си играте во тревата пред куќата, или во паркот, а ќе го израдува и игра во песок или базен.
Говор
Во овој период детето веќе ги изговара првите вистински зборови. Најчесто тоа се мама, тато, имиња на животни и храна. Препознава и разбира многу повеќе поими, просечно помеѓу дваесет и педесет. Одговара на едноставни работи, посебно ако се поврзани со гестикулации (нпр. дојди кај мама, покажи па-па...)
До крајот на првата година се развиваат самогласките и согласките П, М, Б, Н, Ј, Т, Г и В. Останатите согласки ќе се развијат подоцна, кај повеќето деца дури и до петтата година.
Немојте да го споредувате говорот на Вашето дете, со говорот на неговите врсници. Можни се големи разлики во развојот на говорот кај поедини деца.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 10 месеци
Следен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?