Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Пофалба или казна
Некогаш воспитувањето воглавно се базирало на казнување, а денес се повеќе на наградување и пофалба за добро однесување. На детето многу повеќе му значи Вашето внимание и пофалба. Обидете се да му бидете добар пример, затоа што детето најмногу учи од односот на родителите. Исто така не плашете се дека ќе го разгалите, ако му покажете дека го сакате. Секако, треба да му поставите јасни граници и на тој начин да му покажете што смее, а што не смее. Кога детето нема да Ве послуша, објаснете му зошто не смее да го прави тоа. Потсетете се дека детето не го прави тоа намерно и немојте лутината да ја исфрлате на него затоа што само ќе го уплашите.
Добар однос со детето
Иако детето е се посамостојно и често ја одбива Вашата помош, тоа не значи дека помалку ве сака. Напротив, детето е многу поврзано со родителите. Силината и безусловноста на детската љубов кон родителите, не може да се мери, ниту споредува со ниедна друга љубов.
Едноставен рецепт за одржување добри односи со детето нема. Сигурно сте на прав пат ако му нудите безусловна љубов, ако му се посветувате, ако му давате чувство на припадност во семејството и ако му покажувате дека го почитувате и дека Ви е многу важно.
Дете кое им верува на родителите и со нив има добар однос, развива самопочитување и знае да се цени себе си. Тоа му овозможува полесно да се справи со предизвиците и да воспостави добра соработка со околината.
Спречување на несреќи
Иако станот и околината ќе ги уредите да бидат сигурни за децата, незгодите неможете потполно да ги избегнете. Малите незгоди се дел од секојдневието на љубопитното дете, кое тукушто научило да стои и оди. Заради тоа е препорачливо да имате опрема за прва помош. Освен чепчиња и сируп против температура, не смеат да Ви недостасуваат фластери (може и со сликчиња), стерилна газа, завои, средства за олеснување на последиците од убод на инсекти и пинцета за отстранување трнчиња.
При мали повреди на детето обидете се да останете мирни, затоа што вашата реакција ќе влијае на неговиот одговор на болката. Ако реагирате преплашено, ќе го исплашите и детето дополнително. Ако детето падне на газе, или на колена, најмногу ќе му помогне вашата прегратка и смирувачкиот тон дека се ќе биде добро.
Користење на дубак
Ако Ве привлекува употребата на дубак, размислете уште еднаш. Докторите не советуваат употреба на дубак затоа што децата се оттурнуваат со прстите и развиваат неправилен начин на одење. Освен тоа детето нема да се стекне со одбранбени механизми при паѓање, па подоцна нема да знае да се задржи на раце, туку може да падне на нос.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 10 месеци
Следен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?