|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Алергија на храна
29.1.2010 0:01:25   
Матеа
ММ
Девојки, најпрво да појаснам неколку работи. Алергија на храна е едно, а нетолеранција на храна е друго. При нетолеранција на храна, како што некој погоре веќе објасни, организмот најчесто не произведува некој ензим, или го изгубил, и не може да преработи некоја состојка од храната (на пример лактоза). Таа состојка останува непреработена и како таква е „некорисна“ за организмот и му пречи. Во случај со нетолеранција кон лактоза, во цревата се јавуваат гасови, може да се појави пролив, тежина во стомакот и други специфични и неспицифични симптоми.
Во случаите на алергија, (стручно име хиперсензитивност од прв тип), организмот се сретнал некогаш со некој алерген. Средбата не излегла најповолна user posted image и организмот (имуниот систем) си рекол, ако уште еднаш го сретнам овај баткава, ќе го прекршам со сите сили. И така, кога вториот, третиот и понатамошен пат се внесува истиот тој алерген во телото, имуниот систем е веќе подготвен и реагира бурно, а надворешно се изјавуваат симптомите на алергија. Тие можат да бидат најразлични, од оние што сите ги знаат (нафрлувања, сува кашлица, дразнење во носот), но може и да не се изјават како такви и да поминат како една подолготрајна дијарија, да речеме.
За да биде една материја алерген, треба да исполнува неколку услови, а еден од нив е да има доволно голем молекул. Од таа причина, лактозата (многу мал молекул) не може да предизвика алергија, додека протеините од млекото можат (многу големи молекули). Сличен е слушајот и со глутенот, кај него се развива нетолеранција кон глутен, а не алергија.
Сега за сега толку, треба да и помогнам на жм, па ќе ви пишам подоцна.

(Одговор на членот sunchips)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Алергија на храна
29.1.2010 0:15:19   
Еца
Многу добро објаснето, секоја чест. Но она што мене ме буни е зошто упорно докторката настојува дека алергијата или нетолеранцијата на млеко е наследна. Откако кај поголемата ќерка се постави дијагноза алергија на млеко и млечни производи се заинтересирав малку повеќе за семејната историја на болести и немаме случај на алергии, општо, а најмалку на млеко. И кога вчера повторно кај другото мое дете кое има 6 месеци, алерголошките тестови покажаа специфични ИгЕ противтела кон млеко (f2) степен 2, односно има 2.18 кЕ/л  а треба да биде <0.35 кЕ/л повторно почнав да копам по нашите гени, зошто навистина не знам што да мислам. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Алергија на храна
29.1.2010 16:31:05   
mis.
ШТО Е ТОА АЛЕРГИЈА НА ХРАНА И КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ КАЈ БЕБЕТО
Кога бебето е алергично на нешто, тоа значи дека неговиот организам таа материја погрешно ја толкува како непријател и се вклучува во борба имунолошкиот систем. Во случај на алергија на храна: кога таа храна ќе се внесе во организмот, имунолошкиот систем почнува да произведува некои материи како хистамините (односно организмот почнува да произведува антитела) и почнува да се бори против неа. Производството на хистамини пак ги предизвикува симптомите на алрегија. Симптомите можат да бидат поблаги или пак многу тешки. Карактеристични симптоми на алергија се:

*Отекување: понекогаш отекувањето може да се јави веднаш, а понекогаш се јавува во рок од 2 часа. Отоците може да се јават на дишните патишта и ако се изразени, може да го доведат во прашање и животот на бебето.

*Чешање: често пати се јавува егзема (црвена сува кожа, се лупи и е придружена со чешање). Егземата најчесто се јавува по телото, рацете, нозете и на образите на бебето


*Повраќање, пролив, гасови, нарушено варење на храната. Ако се работи за алергија на храна, симптомите на нарушено варење на храната се постојани.

Понекогаш знаците на алергија се јавуват кога детето прв пат ќе вкуси некоја храна, но понекогаш се јавуваат кога ќе дојде до сензибилизација на органзимот, после период кога претходно детето немало проблем со таа храна. Понекогаш пак алергијата се јавува кога материјата на кога е алергично детето, се комбинира со други материи: на пример ако е алергично ја јајца, алергијата може да се појави во случај кога детето ќе јаде јајца во комбинација со млеко. Храна на која се јавуваат најмногу алергии е следната: jajца, млеко, кикирики, лешници, житарици, морски плодови и некои видови на риба (туна, пастрмка).. Сепак може да се појави и од друга храна.

ШТО Е НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ОДРЕДЕНА ХРАНА
Понекогаш нетолеранцијата на некоја храна се помешува со алергија. Нетолеранцијата значи дека организмот има потешкотии да ја обработи таа храна, но во овој случај нема реакција на имунолошкиот систем. Симптоми на неподнесување на некоја храна се: подуеност, гасови, пролив и сл. Најчесто кај луѓето се јавува нетолеранција на лактоза – млечен шеќер. Затоа не се препорачува на бебиња помали од 1 година да им се дава кравјо млеко.

ДАЛИ АЛЕРГИЈАТА Е НАСЛЕДНА
Наследна е склоноста кон алергии. Значи ако се алергични родителите, има голема шанса да биде алергично и бебето. Но не мора бебето да го наследи истиот вид на алергија. Едниот родител може да биде алергичен на пример на прашина, а кај детето да се јави алергија на храна. Ако се алергични двата родитела, има околу 75% шанси да се јави алергија и кај бебето.

ДАЛИ МОЖЕ АЛЕРГИЈАТА НА НЕКОЈА ХРАНА ДА ИСЧЕЗНЕ
Да, алергијата на одредена храна која ја имало бебето, може да исчезне во текот на следните неколу години од неговиот живот. На пример поголемиот дел на деца во рок од неколку години ја надминуваат алергијата на соја и житарици. Некои видови на алергија пак потешко се надминуваат, на пример алергиите на некои видови на риби. Не може однапред да се каже дали алергијата ќе биде трајна или ќе исчезне со текот на времето.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ВАШЕТО БЕБЕ ИМА АЛЕРГИЈА НА НЕКОЈ ВИД НА ХРАНА
Ако бебето покажува знаци дека има проблеми со дишењето, ако отекува по лицето или устата, интезивно повраќа или има пролив, итно однесете го во брза помош. Тешките знаци на алергија, можат да бидат опасни за неговиот живот. Ако има тешка реакција на некоја храна, дишните патишта заради отекувањето, можат да се блокираат и да биде спречено дишењето. Ако се сомневате дека бебето е алергично на некој вид на храна, разговарајте со неговиот лекар. Можеби лекарот ќе ве советува да избенувате одредена храна, за да се утврди на што точно е алергично бебето. Ако е потребно ќе бидете упатени на дополонителни алерголошки испитувања. Тоа ќе покаже дали се работи за вистинска алергиска реакција (во која е вклучен имунолошкиот систем) или пак за нетолеранција на одредена храна. Ако увидите дека бебето е алергично на некоја формула на вештачко млеко, заменете ја со друга. Ако бебето е алергично на некоја храна, ќе морате целосно да ја избегнвуате. Предупредете ги сите кои го чуваат да внимаваат да не му ја даваат таа храна. Понекогаш може да се јави сериозна алергиска реакција и на најмало количество на алергогената храна Ако го носите во градинка, предупредете ги негувателките на што да внимаваат.

ПРЕВЕНЦИЈА НА АЛЕРГИЈА
Ова е многу често поставувано прашање, но одговорот е тежок. Она што вие можете да го направите за да ги намалите шансите да се јави алергија на храна кај бебето, е да го доите што подолго. Препорачливо е да го доите барем во првите 6-12 месеци. Воведувајте ја храната постепено, во интервали од неколку дена. На тој начин полесно ќе можете да увидите на која храна се јавува реакција и да ја избегнувате во иднина.

< Поракaта ја уредил Еца -- 1.2.2010 9:29:30 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Алергија на храна
1.2.2010 9:26:27   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamasane

И моето синче Никола има нетолерантност кон млечни производи и штом конзумира било каков млечен производ веднаш му се појавува црвено печатче на обравчињата. Не е како пликче туку само црвенило кое се повлекува за еден ден откако ќе го намачкам со Пантексол. Еве сега му се појави црвенило и откако јадеше една плазма бисквита, а порано ги јадеше без проблем. Не знам веќе што да му дадам за доручек и вечера зашто без млечни производи изборот е мал. Еца, те молам кажи ми каде се прават тие тестови за алергија и дали треба упат од матичната.


Мамасане ние тестови еве и правевме сега на Мила на 5 месеци, така да слободно можеш да земеш упат од матичната и да го однесеш Никола на тестирање на имунологија(ќе ти пишам број од имунологија да си закажеш ако сакаш) инаку верувај и јас мислев дека изборот без млечни е производи е мал, но верувај не е така, бидејќи ние не смеевме да помирисаме, а не да ставиме во уста, за Мартина. Еве некои предлози што би можела да му даваш за доручек и вечера: палента со јајце, палента со раст. кашкавал, гриз со соино млеко, јуфки домашни направени со соино млеко, тестенини, маргаран (не путер), посни бисквити со соино млеко или чај од нане, корнфлекс, житарици (имаш многу различни можности, еве и цела тема за нив КЛИК ТУКА), мармалад...ако ми текне уште нешто ќе ти пишам. Инаку верувај дека не е точно она ако му даваш ќе стекне имунитет, напротив го потсетуваш организмот на алергијата. Мене др. ми рече колку повеќе ја пазиш, толку побрзо организмот ќе заборави и побрзо ќе ја надминете алергијата. затоа мој совет, направи си алерголошки тест преку крв за да бидеш на чисто.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Алергија на храна
1.2.2010 11:38:43   
mamasane
Еца, фала многу за одговорот навистина ми помогна со изборот на јадења. Не знаев дека може да му давам млеко од соја а јас долго време го користев за мене па сега добро што ќе може да го употребувам и за Никола. А што се однесува за тестирањето на Имунологија ние сега на 15-ти треба да одиме на преглед за вакцина таму па ќе ги прашам ако може да направат и алерголошки тест, барем да знам со сигурност што смеам а што не да му давам, зашто вака само испробувам дали на нешто ќе реагира или не па ми е страв да не му направам поголем проблем на детето. Кога ќе го направиме тестот ќе ви пишам за резултатите.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Алергија на храна
3.2.2010 8:04:30   
mamasane
Еца, мм вчера купил млеко од соја на Виталиа ама прочитав во упатството дека млекото од соја не е замена за кравјо млеко за деца до 3 години, а Никола има 13,5 месеци, па сега не знам дали тоа значи дека дете помало од 3 год. не смее да користи соино млеко. Вие од која возраст го користевте? А таман се израдував дека ни се зголемува менито. Се јавив и на имунологија да закажам преглед па ги прашав и за тестирање за алергија ама ми рекоа дека тоа не се прави кај нив туку на Пулмологија. Ако можеш пиши кај кој доктор правевте таков тест.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Алергија на храна
11.2.2010 12:36:07   
Еца
На Мартина соја и воведов на 10 месеци по препорака на др. Миронска, тест правевме исто по препорака на др. Миронска  на имунологија, затоа не знам зошто така ти рекле, докторката ти дава само упат што тестирања на крвта да се направи, му вадат крв на детето и епруветите ги носиш долу во институтот за имунобиологија. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Алергија на храна
11.2.2010 13:09:00   
mamasane
Еца, му дадов на Никола од млекото од соја и бидејќи немаше никаква реакција продолжив да му го давам обично за доручек со житарици или му варам гриз со него. Од матичната докторка земав упат и за испитување за алергија преку крв (и она истото ми го препорача) па на 18.02. ќе одиме на преглед на Имунологија кај др.Пејовска и ќе видам што ќе направиме. Тоа за да одиме на Пулмологија ми го кажа сестрата кај која закажував преглед.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Алергија на храна
11.2.2010 13:14:36   
caci20
Мамасане, му се повлекува ли на Никола црвенилото од обравчињата или уште го има и дали извадивте забче. Ај да се надеваме дека е само реакција од вадење запчиња

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Алергија на храна
11.2.2010 13:23:26   
mamasane
уште немаме извадено нови запчиња, а црвенилото знае од време на време малку да се појави ама се повлекува брзо. обично кога ќе стане од спиење обравчињата му се малку зацрвенети па после ке помине,  не знам да не е нешто и од омекнувачот за алишта. едвај чекам да се испита па барем да сум на чисто од што се појавува црвенилото.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Алергија на храна
11.2.2010 16:16:03   
mis.
на нас црвенилото на образите ни се смири а Стефан ја извади горната десна четворка,изгледа навистина црненилото му е од забите.Мамасане види ако црвенилото е од запчиња тогаш после излегување на запчето црвенилото се повлекува.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Алергија на храна
12.2.2010 11:15:05   
mamasane
мис, ќе пробам денес да напипам дали ќе вади запчиња, и ќе бидам најсреќна ако се појавува црвенилото поради тоа

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Алергија на храна
22.2.2010 16:04:59   
mamasane
Еве сега најдов малку време да напишам како поминавме со Никола на Имунологија. Си земавме кај матичната упат за тестирање за алергија преку крв, ама докторката на Имунологија кога и кажав дека освен што му се појавува црвенило на образите од млечните производи нема никаква друга реакција, ни рече дека нема потреба да се испитува зашто црвенилото се појавува поради зголемената масленост на овие производи а слузокожата уште е нежна и дека тоа ќе исчезне до три години. И ми рече слободно да му давам млечни производи ама со помала масленост и сирењето да го отсолувам, само павлака да не му давам. Вчера му дадов житарки со млеко ама разблажено со вода и не му се појави ништо.
А за запчиња, Мис го проверив ама не можам ништо да напипам а во последно време пак ги пика рацете во уста и некако ми е кенкав па може скоро и да му излезат нови.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Алергија на храна
22.2.2010 16:43:29   
mis.
Кај нас црвенилото се појави уште пред да се појават запчињата но непцето веќе беше црвено и отечено.Еве му излегоа двете четворки и црвенилото се повлече.Не знам можеби и кај вас е некое срамежливо запче но претпазливо и со алергени во случај да не е и некоја алергија.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Алергија на храна
2.3.2010 8:50:15   
mami
Во петокот вечерта јадев киви па ми зема едно парче и го изеде цело ..ама не приметивме никаква реакција.. Следниот ден видов дека на рачето и под окото му се појавиле ситни брумчиња како тртки ама малечки...Вчера бевме на лекар и ни рече дека е од недостаток на витамин. Вчера свеки му дала пак киви и почнал да се чеша по лице, зад уши и после некое време прекинал. Може да му е реакција од кивите? Ова му е прв пат да ги пробува

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Алергија на храна
3.3.2010 16:35:42   
21mimi
поздрав до сите мами ние денес правевме алерготест, неколку пати Елена ми покажа алергиа на млеко НАН и ХИП БИО кажете ми како се справувате со тој проблем затоа што на сојс млекото пишува дека се дава на деца над 1 година а ние сме 6 месециuser posted image


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Алергија на храна
3.3.2010 16:45:15   
mamasane
Моето синче од самото раѓање е на адаптирано млеко, и тоа од Клиника ни го препорачаа Новалак и навистина ептен му беше погодено. До 6 месеци пиеше Новалак 1, па до 1 година Новалак 2 и сега сме на Нестле Јуниор и сите одлично ги прифати и немаше од нив никаква несакана реакција.

(Одговор на членот 21mimi)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Алергија на храна
3.3.2010 16:48:38   
mamasane
Инаку, црвенилото на Никола му се повлече и покрај тоа што сега му давам млечни производи освен павлака, зденки и слични работи. Сега ги вади горните единици и Мис имаше право кога ми рече дека може да има црвенило од запчињата.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Алергија на храна
3.3.2010 17:04:24   
mis.
искрено ме радува што црненилото помина и беше резултат на запчиња.user posted image user posted image user posted image за Никола

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:38:57   
Mammy
Еве ме и мене на оваа тема. И кај Арман открија преосетливост на млеко и му забранија млеко и млечни производи во наредните 6 месеци. Ме теши тоа што е низок степен и најверојатно ќе се повлече.
Али во секој случај фуј и безвезе...user posted image

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:41:37   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy

Еве ме и мене на оваа тема. И кај Арман открија преосетливост на млеко и му забранија млеко и млечни производи во наредните 6 месеци. Ме теши тоа што е низок степен и најверојатно ќе се повлече.
Али во секој случај фуј и безвезе...user posted image



На какво млеко??? И како воочи ти дека има преосетливост??? Се исфрлаше или??? ПЛС кажи...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:44:02   
Aleksandra
Stvarno neznam sto e so denesnive deca na se nesto se alegricni??? Dali e do hranata, vozduhot, se e poremeteno. KAj mene Ana i Luka se razlika 6,5 godini i ima i mnogu razlika i vo nivnoto zdravje. Ana e super a so Luka vidov mnogu maki. Stavrno neznam sto se slucuva.....

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:46:18   
Mammy
Па му дадовме малку кисело млеко дома потквасено и одма црвенило околу устата. После тоа пробав од готовите кашички на Хип кои се раствараат со вода и пак црвенило. Прво и се јавив на Еца и таа ми рече дека најверојатно е тоа.
Среќа имам другарка докторка на имунологија и и се јавив и ми рече да му намачкам млеко на внатрешната страна на раката под лактот,ама немаше реакција и таа ми рече дека најверојатно е само преосетливост.
Па му земаа крв и направивме повеќе тестови за повеќе видови храна и на млеко покажа степен 2 од можни 6. Шести степен е најлошото.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:49:18   
MamaOhrid
Mammy, а сега син ти воопшто не пие млеко, или го пие она млекото за алергични бебина. Од NAN имам видено такво. 

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Алергија на храна
10.3.2010 11:49:42   
pacuvce
Thx.Mammy за одговорот...Јас на Бојан сеуште му немам дадено кисело млеко,но сепак не е на одмет да се знае каква реакција би можело да има во случај на осетливост на млеко и млечни производи...Ви посакувам што побрзо да го надминете овој проблем ии со Арман да биде се во ред...user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Забременување!
Natasa981

Дали Вашата бременост беше планирана или се случи спонтано?

Да,планирав и калкулирав плодни денови со останати помагала за зачнување (40%)

Незнам, не се оптеретував со калкулации,но секако сакав бебе (38%)

Не, се случи сосем спонтано и неплански! (23%)


Број на сите гласови: 96

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!