|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

“Секоја мајка плаче, вика, псуе - тоа е нормално"

Anamaria Todoric , 11.1.2021
“Ќе Ви дојде некогаш да се расплачете, да викате од немоќ и замор. Тоа е нормално...беа зборовите на патронажната сестра.” – пишува Ана Марија Тодориќ, во својата духовита и искрена колумна “Бејби шиз”

image
/11


Неколку денови по породувањето во посета ми дојде патронажна сестра. Го прегледа бебето, а потоа се завртe кон мене и ми рече “Ќе Ви дојде некогаш да се расплачете, да викате од немоќ и замор. Тоа е нормално. Немојте да мислите дека нешто не е во ред со Вас. Само потрудете се да го правите тоа што подалеку од бебето, бидејќи тоа ја чувствува секоја Ваша емоција...”

Јас гледам во неа и молчам. Си мислам во себеси каква лудачка сум пуштила дома. Моето дете задоволно гуга, јас само малку уморна од породувањето и имам неколку непреспани ноќи зад мене, но Боже мој, ќе помине. Така ја рационализирав целата ситуација. Зошто би плачела и би вриштела? Па јас го сакам своето дете.

Неколку дена, само една седмица подоцна, стојам покрај прозорецот во три часот по полноќ. Надвор врнеше снег, а јас во раце го држев бебето веќе еден час, по трет пат истата ноќ. Не се истуширав тој ден, нити пак ги измив забите. Едноставно не успеав. Бебето секој пат се грчеше од болка и плачење. Не беше болно, немаше температура, најверојатно беа проклетите колики во прашање. А јас немав ниту сила, ниту храброст да го оставам да плаче. Ронев солзи од тага, од болка, од немоќ, од фактот дека само во моите раце е мирно, а штом ќе го земе татко му, или ќе го оставам, неутешно плаче. Солзите и лутината се менуваа на моето лице, заради фактот што не сум спиела месец дена повеќе од еден час во целина, а околу мене сите преполни со мудри совети на кои им се заеднички две работи: нема кој да ми помогне, бидејќи сите работат, а јас се "одморам" на породилно боледување. И секако, сама сум виновна што сум го научила бебето во раце. Да, тоа ми беше прва и единствена животна замисла и цел – штом родив, цврсто одлучив дека моето дете не смее да спие никаде, освен во моите раце. Замислете...Па кој нормален човек би го направил тоа?!

 

Многу пати се сетив на патронажната сестра

Таа ноќ се сетив на зборовите на патронажната сестра. Таа и уште многу ноќи потоа, некогаш и наутро, напладне и навечер. Се сеќавав на неа секој пат кога ќе му речев на сопругот – земи го детето, а јас одам малку да вриштам во другата соба. И ќе ми беше подобро...

Некогаш посакував и да си ја удирам главата од ѕид, некогаш викав и во присуство на детето, а потоа, со тек на време својот бес го исфрлав лупајќи ги вратите. Маж ми од тоа добиваше нервен слом, веројатно и некои од соседите, но мене ми беше супер. Кога мојот ангел ќе се разбудеше по десетти пат во текот на ноќта, јас малку ќе ја треснев вратата, ќе го опсуев родителството, светот, еволуцијата и Дарвин и мирно ќе дојдев да го смирам бебето.

Многу пати се прашував дали заради тоа сум лоша мајка. Лоша ли сум затоа што повремено кукам, лупам со врати и посакувам да исчезнам на неколку часа? Да, многу супер мајки и супер татковци ќе речат дека сум и дека такви како јас не заслужуваат да имаат дете. И јас понекогаш мислев така. Па добро, повремено и денес го мислам истото и веројатно уште илјада пати, од оваа или онаа причина ќе помислам на тоа. Но, да бидеме реални и искрени – родителството е тешко, неспиењето од мене прави монструм. Некои други со неспиење можеби се претвораат во бели ради, но јас не. Но затоа никому не давам за право да ми суди дали сум добар родител или не, затоа што не повторувам лицемерно дека неспиењето е супер, дека коликите се слатки маки и дека моето дете никогаш немало проблеми со забите, хранењето и дека никогаш не плаче. Јас своето дете го ОБОЖАВАМ! Тоа е премал збор, но секој родител знае колку силно и со зборови недофатно се сака дете. Сепак, не уживам во десет будења во една ноќ, не уживав во моментите кога не можев да го смирам или намалам плачот на детето, кога по 200 пати морав да пеам една иста песна, бидејќи само таа го смирува , кога не стигнував да јадам и извршам нужда и кога изгледав како зомби.

Да, доаѓаат и такви денови кога секоја мајка плаче, вика, лупа со вратите и псуе...И тоа е нормално, колку и да молчиме заради тоа. И тоа нема баш никаква врска со љубовта.

 

Дали се препознавате?

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?